motori POTFAT-MC-Strumica-1POTFAT MC, мото клубот кој наскоро ќе ја прослави 15 годишнината од своето постоење, викендов го отвори првиот „Chapter“ односно огранок надвор од Скопје, во градот Струмица.

POTFAT-MC-Strumica-1

POTFAT MC, мото клубот кој наскоро ќе ја прослави 15 годишнината од своето постоење, викендов го отвори првиот „Chapter“ односно огранок надвор од Скопје, во градот Струмица. Новите клубски простории на огранокот беа местото каде во  опуштена атмосфера и со одбрани луѓе беше направен „patch over“.

POTFAT-MC-Strumica-2

Одлуката за формирање на огранок на клубот за POTFAT MC значи превземање на обврска да се продолжи и понатаму со презентација на бајкерскиот животен стил и бајкерската субкултура, директно во еден друг дел од нашата татковина. Како што велат и самите: „Пресудно за ваквиот развој на настаните беше конекцијата со овие бајкери, сега веќе наши браќа, односно долгогодишното познавање и дружење, како и нивната желба за приклучување кон POTFAT MC“.

На POTFAT MC им посакуваме уште многу нови членови, многу поминати километри и се надеваме дека повторно ќе не удостојат со нивните добро познати мото собири. Момци, нека ви е со среќа.

Back To Top