Дојде време повторно да ја покажеме хуманата страна на македонските моторџии на дело. На нашиот колега моторџија Љупчо потребни му се финансиски средства за борба со тешката болест.

Црвенковски Љупчо е 26 годишен моторџија од Прилеп кој боледува од рак на кожа. За лекување потребни се финансиски средства во износ од 8.000 евра месечно. Секој од нас може едноставно да помогне со вртење на броевите подолу со што се донираат по 100 денари.

Се надеваме дека ќе се најдат луѓи кои се финансиски моќни да помогнат и со повеќе, па доколку сте во можност пишете ни на нашата е-маил адреса за да ве поврземе со Љупчо.

Во текот на денот до нас пристигна информација дека од Фондот за здравство на Љупчо му се одобрени средства за лекување! Ова е одлична вест, се надеваме дека лекувањето на Љупчо ќе вроди со плод, Ви благодариме на сите за поддршката која ја дадовте, а доколку има потреба од било каква помош во иднина повторно ќе бидете известени.

Back To Top