motori 11069 1262238401104 3060904 nДа ја покажеме хуманата страна на моторџиите! Мото клубот „Guardian Angels MC“ по втор пат ќе организира крводарителна акција која годинава ќе биде дополнете со донирање на стара облека за потребите на Црвениот Крст.

11069 1262238401104 3060904 n

Да ја покажеме хуманата страна на моторџиите! Мото клубот „Guardian Angels MC“ по втор пат ќе организира крводарителна акција која годинава ќе биде дополнете со донирање на стара облека за потребите на Црвениот Крст.

Крводарителна акција и донирање на стара облека за потребите на Црвен Крст на РМ во организација на „Guardian Angels MC“, а во соработка со Црвениот Крст. Акцијата ќе се одржи во двата града во кои клубот има свои членови. Во Скопје и Струмица на 23-ти Септември со почеток во 9 часот.

Акцијата во Скопје ќе се одржи во просториите на Црвен Крст на град Скопје „Даре Џамбаз“, а и во Струмица во истото време ќе започне акцијата во просториите на Црвениот Крст.

НЕДЕЛА 23.09.2012 ЦЕЛОДНЕВНО ДРУЖЕЊЕ НА МОТОРЏИИТЕ ВО СТРУМИЦА

- 10.00 до 13.00 КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА

Значи кој има желба и сака да даде крв нека повели се собираме на плоштадот Гоце Делчев па се упатуваме во завод за трансфузиологија каде ке се дарува крв.

- 14.00 до 15.00 ЗАЕДНИЧКИ РУЧЕК

Сите учесници кои ке ја поддржат оваа акција без разлика дали дарувале крв или не се добродојдени на заеднички ручек и убаво дружење.

- 15.00 до 17.00 ЗАЕДНИЧКО ВОЗЕЊЕ ДО МАНАСТИРОТ ВО БАНСКО

После ручекот се собираме на плоштадот и од таму се упатуваме кон манастирот во Банско каде ке бидеме почестени со кафе.

- 20.00 до 01.00 МОТО ЗАБАВА У ПАБО

Мото забава на која сите учесници кој биле на целодневното дружење ке добијат
гратис пиво, добра музика и добра забава .

ПОЗДРАВ И ВЕ ОЧЕКУВАМЕ

GUARDIAN ANGELS MC MACEDONIA

Надоврзано на крводарителната акција, сите хумани моторџии можат да донираат стара облека која треба да биде уредно исчистена. Во градовите по крајот од акцијата ќе следува и забава за дарителите, а за локациите дополнително ќе бидете известени. Во Скопје во тенискиот клуб Евросет (кој се наоѓа зад станицата за технички преглед на ПСС во Зајчев Рид) сите крводарители ќе бидат почестени со по една пијачка од клубот. Секој крводарител ќе добие и прешивка со димензии 6х3цм за на јакна со неговата крвна група.

Back To Top