motori 51846_10151260969961579_2058151548_oПотсетување за третиот роденден на мото клубот „Рисови“ кои годинава во соработка со општината Прилеп го организираат мото фестивалот „Прилеп 2012“. Според програмата на дводневната забава не очекува навистина интересен настан, па не заборавајте, викендов сите во Прилеп.

51846 10151260969961579_2058151548_o

Потсетување за третиот роденден на мото клубот „Рисови“ кои годинава во соработка со општината Прилеп го организираат мото фестивалот „Прилеп 2012“. Според програмата на дводневната забава не очекува навистина интересен настан, па не заборавајте, викендов сите во Прилеп.

Програма на МОТО ФЕСТИВАЛ ПРИЛЕП 2012

Сабота 22.09.2012 година

- 15.00 -17.30 часот Пречек на гостите и збирање пред Споменикот на Александар Македонски Плоштад Александрија
- 18.00 часот МОТО Дефиле низ град Прилеп
- 18.30 часот пристигнување на Паркот на могилата на Непобедените Прилеп
- 18.30 - 20.30 часот сместување и забавни игри (тргање јаже, брзо пиење на пиво, туркање на рака и др. Пријавување на натпереварувачите на строго определини места и кај хостеси кои ќе кружат на лице место на терен)
- 20.30 часот отворање на МОТО ФЕСТИВАЛОТ ПРИЛЕП 2012 од страна на председателот на клубот на МК РИСОВИ и Градоначалникот на град Прилеп
- 20.40 - 05.00 часот наутро - музички забавен дел ( „Кроз Роад Блуз Бенд“, „Деј Оф“ и „ДЈ“ )

Недела 23.09.2012 година
- 08.00- 09.30 часот Будење и доручек (утринско кафе и чорба)
- 10.00 - 13.30 часот МОТО ВЕШТИНИ на булеварот Гоце Делчев - плоштад Александрија пред бројна публика ( учество на сите доброволци, награди за најдобрите)
-10.00 - 13.30 часот Крводарителска Акција „ Бајкерска крв за спас на нечии живот“
- 12.30 часот мал Концерт на децата со специјални потереби од град Прилеп со хуманитарна донаторска акција на сите бајкери и присутни.
-13.00 часот затворање на МОТО ФЕСТИВАЛ ПРИЛЕП 2012 и заедничко патување до Крушево со посета на гробот на Тоше Проески
 
Сите заинтересирани учесници кои сакаат да учестуваат во одредени дисциплини своето учество можат да го закажан на следните телефонски броеви 075 35 35 80 и 070 35 21 22

НЕДОЗВОЛУВАЈТЕ ДА ВИ РАСКАЖУВААТ БИДЕТЕ ДЕЛ ОД УРБАНАТА ЛЕГЕНДА
Back To Top