Меѓународната мотоциклистичка федерација годинава го организира  68-то рели кое ќе се оддржи од 18-ти до 20-ти Јули 2013 година.

logo4-fim2013-france

Меѓународната мотоциклистичка федерација годинава го организира  68-то рели кое ќе се оддржи од 18-ти до 20-ти Јули 2013 година.

По втор пат, Еперно, главниот град на реонот Шампањ е избран да биде домаќин на 68-то рели.

Од јули 1999 година, кога се оддржа 54-то рели, овој град продолжува да се развива. Денес, повеќе од 450 000 туристи го посетуваат овој регион и откриваат подруми во должина од 110 километри. „Paysages du Champagne“ аплицира за да биде дел од Светското наследство на UNESCO. Познатата „Avenue de Champagne“ е еден од тие сведоци.

Бидејќи ги претставува најдобрите пенливи вина, Шампањ ќе биде во центарот на овој 68-ми собир и ќе можете да го пробате овој чудесен пијалок чиишто магични меурчиња ќе фрлат магија врз вас.

Како што се вели и во официјалната програма: Франција и градот Епернау ве чекаат. Дојдете да го откриете еден од најубавте француски региони: Шампањ. Дојдете во центарот на еден од најпознатите вински региони во светот.

Главна програма

Понеделник 15-ти Јули:  Во 9 часот наутро ќе биде отворена канцеларијата на секретарот

Вторник 16-ти Јули: Посета на областа или со автобус (само со резервација) или со мотоцикл

Среда 17-ти Јули: Посета на Парис со автобус (само со резервација) или прошетка низ регионот Шампањ со мотоцикл

Четврток 18-ти Јули: Официјално отварање

Петок 19-ти Јули: Музички настан, француски песни

Сабота 20-ти Јули:  3 часот попладне – Шоу на нациите

Недела 21-ви Јули: 10 часот наутро- затварање на 68-тo FIM Рели

Пријавување

Сите заинтересирани за возење на годинешното ФИМ Рели потребно е да ја пополнат пријавата која се превзема од официјалниот сајт на „FIM“ или преку следниот линк.

Заради подобра координација и заедничко возење на колоната од Македонија, се молат сите заинтересирани за возењето да испратат е-маил на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. со име презиме и податоци за мотоциклот.

Подетални информации можат да се добијат на тел. 075/643-211, Зрно.

Back To Top