Оваа сабота (4-ти јули) мото клубот „REAPERS MC“ организира мото собир во Богданци.

reapers mc macedonia

Оваа сабота (4-ти јули) мото клубот „REAPERS MC“ организира мото собир во Богданци.

Во продолжение ја пренесуваме нивната покана:

Мото клубот „REAPERS MC“ ги поканува сите браќа, другари и другарки, пријатели и пријателки поддржувачи на клубот да бидат дел од нашата мото дружба.

Ве очекуваме на авто-мото изложба, учество во мото игри, разни натпревари помеѓу учесниците и други активности зачинети со ладно пиво и скара.

За атмосферата на настанот ќе се погрижат одличните рок бендови „ТРОЈА“, „ERUPTION“ и hard & heavy бендот „VICTIMS of CHANGES“.

L&R,
REAPERS MC

Саатница за собирот во Богданци:

  • 12:00-13:00 пречек на гости
  • 13:00-19:00 авто-мото изложба
  • 21:00-02:00 бендови
Back To Top