Домашни

Репортажа: Тренинг за безбедно управување мотоцикли

На почетокот од месецов во Скопје се оддржа првиот Тренинг за безбедно управување мотоцикли во организација на мото клубот Безбедност.

Следете нè на:

 

На почетокот од месецов во Скопје се оддржа првиот Тренинг за безбедно управување мотоцикли во организација на мото клубот Безбедност.

Неодамна во нашата држава беше формиран мото клубот Безбедност. Формиран како Здружение за унапредување на безбедноста во областа на мотоциклизмот - Мото Клуб Безбедност – Скопје.

Мото клубот е граѓанска организација која поведува иницијативи и учествува во градење на јавно мислење и креирање на политиките во областа на мотоциклизмот, мототуризмот и безбедноста во сообраќајот на мотоцикли и други сообраќајни сретства. Се залага за решавање на општествените предизвици во оваа област, промовира, информира и реализира активности за унапредување на свеста за безбедноста при управување со моторцикли, и ќе презема активности врзани за едукација за безбедно управување на мотоцикли на своите членови, како и на надворешни физички или правни лица, организации и групи на граѓани кои пројавиле интерес за лично или групно усовршување на познавањето на безбедното управување со мотоцикли.

mk bezbednost 2019 110

Основна цел на Мото Клуб Безбедност Скопје е развој, афирмација, промоција на мотоциклизмот, мототуризмот, мото спортот и сродните дисциплини, унапредување и заштита на животната средина како и промоција на безбедноста во сообраќајот на мотоциклистите и останатите учесници во сообраќајот, а особено кај возачите почетници и помлади категории на лица кои управуваат или планираат да управуваат мотоцикли.

Во насока на остварување на основните цели на мото клубот, на 02 и 03 Ноември 2019 во СЦ Борис Трајковски здружението одржи промотивен тренинг за безбедно управување на мотоцикли, каде учесниците имаа можност да ги унапредат своите познавања и техники за управување на мотоцикл, а воедно сите присутни да се запознаат со програмата која Мото Клуб Безбедност Скопје ја нуди на учесниците во мотоциклизмот.

На 02 Ноември 2019 од 17.00 до 20.00 часот во конференциската сала на СЦ Борис Трајковски се реализираше теоретскиот дел на тренингот, додека практичниот дел за управување на мотоцикл се одржи на 03 Ноември 2019 во периодот од 09.00 до 17.00 на паркингот на СЦ Борис Трајковски каде 15-на учесници се стекнаа со потврда за завршен тренинг за безбедно управување на мотоцикл.

Тренингот беше одржан од страна на Витомир Голушин, актуелен Европски првак во спретно возење и асистентите Владислав Калајџич и Горан Вучковиќ кои ни доаѓаат од Србија од мото клубот Безбедност. За време на тренингот беа опфатени следните теми и вежби:

  • Учество на мотоциклите во сообраќајот – анализа и статистика
  • Пат на застанување – време на реагирање – реакција, пат на кочење и брзина
  • Техника на возење – употреба на квачило, употреба на кочница, позиција и став на мотоцикл, техника на обратно управување, техника на водење со поглед и возење во кривина
  • Правилна употреба на заштитната опрема
  • Манипулација со мотоцикл во место
  • Споро возење од точка А до точка Б - техника на водење со поглед
  • Движење и застанување
  • Вежби во круг - техника на водење со поглед, техника на обратно управување, положба на мотоциклистот, управување на мотоциклот во кривина
  • Слалом
  • Осмица
  • Правилно кочење, предна кочница, задна кочница и двете кочници истовремено

Она што имавме прилика да го видиме и научиме едноставно не се опишува. На тренингот присуствуваа луѓе со долгогодишно искуство но и новајлии, а на крајот од денот заедничкиот заклучок на сите беше дека всушност пред тренингот никој од нас не знаел навистина да вози. Акцентот на целата обука е на безбедноста, справувањето со непредвиливи ситуации како и избегнување на истите. По одржувањето на тренингот секој учесник имаше различна перцепција за тоа што значи да возиш со 50км/ч. Брзина која сите ја сметавме за смешна пред обуката.

Инструкторите работеа со групата во текот на целиот ден, откако претходно сите учествуваа во теоретскиот дел во кој се повторија некои познати работи, но и се научија многу нови. Практичниот дел помина во најдобар ред, а сите учесници имаа можност да го откријат потенцијалот на својот мотоцикл за кој претходно не веруваа дека постои. Се работеше на адаптација на брзината, правилно управување и правилна техника на кочење. Инструкторите им посветија внимание на сите учесници, а она што ни остави впечаток беше тоа што не се откажуваа додека секој учесник успешно не ја имаше завршено дадената задача.

На обуката учесниците имаа прилика да возат тренажен мотоцикл опремен со странична заштита со тркала кој покажа колку ниско може да се навали мотоциклот доколку правилно се седне на него. Иако на прв поглед седењето односно управувањето на мотоциклот изгледа смешно, оваа техника овозможува безбедно навалување на било кој мотоцикл до самиот лимит. На почетокот сите беа насмеани велејќи дека нема шанси да го навалат својот мотоцикл до долу, а на крајот сите заминаа со истругани ногарки.

Денот помина навистина брзо, но она што имавме прилика да го искусиме нема никогаш да го заборавиме. Обука за која навистина сметаме дека треба секој возач да ја помине пред да седне на мотор. Се надеваме дека во иднина ваквите обуки ќе станат задолжителна работа за секој нов возач, до тогаш мото клубот Безбедност ќе организира тренинзи кои од се срце ги препорачуваме. Следниот тренинг ќе се одржи на пролет следната година, повеќе информации за настанот можете да добиете кај претседателот на клубот Дамјан Галевски на 078 355 305, или преку нивната фејсбук страна, а наскоро ќе биде пуштена и нивната веб страна http://www.motoklub.mk/.

За целата галерија од настанот кликнете овде.

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

Вејн Рејни повторно седна на мотоциклот. Овојпат заедно со Кени Робертс и Еди Лосон настапи на патеката во Suzuka, нешто што се нема случено од 1993 година.

Во изминативе две години, BMW тивко работи на мотоцикл кој ќе има електричен погон.

Погледнете како Хамилтон вози со мотоциклот на Роси а Италијанецот настапува со болидот на Mercedes.

HOREX, Германскиот производител на мотоцикли се потпира на лубрикатните на Motul за нивните моќни V6 мотори.

Првиот човек на Yamaha, Лин Џарвис, сака да го задржи Маверик Вињалес во тимот и по завршувањето на сезоната 2020. Ваквата реакција следи откако се појавија гласини дека би можел да премине во Ducati во сезоната 2021.

„Доколку останеше малку подолго мислам дека ќе успееше. Но целосно ја разбирам неговата одлука.“ - Кал Кратчлоу

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Листа на мото настани

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.