Руските „Ноќни волци” ќе го реализираат меѓународниот мото марш „Словенски свет”, ќе минат низ Русија, Белорусија, Словачка, Словенија, Србија, Црна Гора, Македонија, Бугарија со порака за добрососедски односи меѓу граѓаните на Европа.

Од 22 јуни до 20 јули 2018 година, по десетти пат руските „Ноќни волци” ќе го реализираат меѓународниот мото марш „Словенски свет”. За 22 дена тие ќе поминат повеќе од 8.500 километри низ повеќе држави: Русија, Белорусија, Словачка, Словенија, Србија, Црна Гора, Македонија, Бугарија и др., со порака за добрососедски односи меѓу граѓаните на Европа.

18426181 303

Во текот на својот пат тие ќе одржат прес конференции, тематски семинари и форуми, со цел развивање на дијалог меѓу луѓето од различни националности, особено дијалог меѓу младите, чие мирно небо се гради денес.

Покрај својата обединувачка идеја, проектот „Словенски свет” е насочен и кон популаризација на словенската историја, култура и писменост. Учесниците во мото маршот ќе ги посетат и древните центри на словенската култура. Во сите етапи од овој проект учествуваат повеќе од 10.000 луѓе.

Едно од најзначајните места на маршутата на овој мото марш е и градот Охрид. Тие ќе го посетат Охрид и ќе одржат прес конференција во хотелот „Нова Ривиера”.

Извор: Емагазин

Back To Top