Јавното претпријатие Улици и Патишта - Скопје, донесе позитивна одлука во однос на нашето барање за промена на бојата за хоризонтално одбележување на улиците во главниот град!

Проблемот со кој се соочуваа моторџиите во главниот град се чини дека е надминат. Лизгавата боја со која се одбележуваат улиците ќе стане минато, а ќе добиеме квалитетна боја која нема да ја загрозува безбедноста. 

По состанокот со одговорните од ЈП Улици и Патишта - Скопје каде што го елабориравме проблемот со кој се соочуваме секојдневно, добивме уверување дека наскоро нашиот проблем ќе биде решен. И навистина така излезе, денеска пристигна официјалното известување од УИП.

Би сакале да изразиме огромна благодарност до директорот Г-н Сенад Смаиловиќ кој најде разбирање за нашиот проблем и реагираше навремено пред почетокот на сезоната со цел да се спречат несаканите последици и да се зголеми безбедноста за сите учесници во сообраќајот. Како што се вели и во нивниот одговор на барањето: „Ве известуваме дека во оваа тековна сезона за хоризонтално одбележување на сообраќајниците на територија на Град Скопје, ќе се употребува боја со зголемен квалитет, со што ќе се допринесе до значително зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот.“

uip skopje

Во меѓувреме доставивме барање и до Министерството за Транспорт и Врски за промена на начинот на кој се одбележуваат велосипедските патека на крстосниците, па наместо целосна лента тие да бидат испрекинати со што ќе може да се одбегне контактот со нив. Очекуваме позитивен одговор и од оваа институција, а ќе Ве информираме штом добиеме одговор на барањето.

Нека ни е со среќа :)

Back To Top