По кусата летна пауза од домашни мото активности, продолжуваме со следниот мото собир кој е во организација на мото клубот Конзули од Битола.

На 13 Август, МК Конзули ќе го организираат својот 6-ти по ред мото собир. Местото на одржување ќе биди исто како претходната година  во „Ски центарот“ Нижеполе - Пелистер. 

Poster 2016

Мото собирот Битола 2016, ќе се одвива по следниот редослед:

- на ден 13.08.2016 од 17.00 часот до 18.00 ќе се врши прием и собирање на гостите на плоштадот Магнолија.

- во 18.00 ќе се вози дефилето низ градот од каде директно ќе се оди до „СКИ ЦЕНТАРОТ - НИЖЕПОЛЕ“ каде и оваа година ќе се одржи собирот.

- во 19.00 почнува официјалната програма која ќе трае се до раните утрински сати во недела 14.08.2016.

- во недела наутро во духот на нашата традиција ќе се дели бесплатна чкембе чорба.

„СКИ ЦЕНТАР - НИЖЕПОЛЕ“ се наоѓа на неколку километри од самото село Нижеполе и е доста атрактивна локација сместена на падините на Баба планина. Од таа причина препорачливо е да се носи потопла облека. Патот до местото е асвалтиран и има доволно паркинг места. Исто, за сите оние кои ќе сакаат да преноќат во шатори, местото изобилува со простор за кампување. Како најдобра препорака за добрата скара и пивото се ланските цени од 50 денари за 0,5 стакло и 100 денари за сендвич со 200 грамска плескавица. Ве очекуваме!!!

За сите оние кои сакаат да резервираат кревет за спиење по цена од 700 денари или (12 евра) за мото собирот, можат да го направт тоа на тел. 070 232 939 (контакт лице Наумче). Вила „Дамаја“ http://macedonian-hotels.mk/mk/hotel/villa-damaja-bitola

Back To Top