Домашни

Во автобус шверцувале мотоцикл

motori motoМакедонските цариници во текот на минатата недела заплениле поголемо количество различна стока чии сопственици се обиделе нелегално да ја внесат во земјава.

Следете нè на:

 

moto

Македонските цариници во текот на минатата недела заплениле поголемо количество различна стока чии сопственици се обиделе нелегално да ја внесат во земјава.

Како што соопшти Царинската управа, на граничниот премин Богородица биле запленети 2.880 парчиња виљушки и лажици, кои биле откриени при контрола на автобус со турски регистарски таблички. Приборите за јадење биле пронајдени во две картонски кутии што биле сместени во багажникот на автобусот.

На истиот граничен премин при контрола на лесно патничко возило биле откриени и 105 парчиња текстилни производи (женски бермуди, маици, фармерки и фустани). Оваа стока била откриена откриени при контрола на патничко моторно возило на македонски државјанин што се обидел да ја прошверцува.

На граничниот премин Табановце цариниците заплениле десетина резервни делови за автобус, а на граничниот премин Ново Село биле запленети два акумулатори.

Заплени извршиле и мобилните тимови на Царина. Во Битола биле запленети 400 парчиња текстилни производи (женска долна облека и маици), а при контрола на автобус на патниот правец Куманово – Скопје биле запленети еден мотоцикл марка „хонда“, шлемови, рачен алат, моторна косилка, трпезариска маса, правосмукалка, изолационен материјал, бижутерија, мобилен телефон, кои биле сместени во багажникот на автобусот. Запленетата стока им припаѓала на двајца македонски државјани што не поседувале документи за нејзино потекло.

Извор: „МКД.мк“ 

Би можело да ве интересира

Викендов на патеката во Серез, Грција, започнува БМУ Европскиот и Македонскиот шампионат во брзински мотоциклизам.

Стартуваше новата MotoGP сезона. Минатата недела имавме навистина возбудлива трка во Катар. Новата MotoGP трка ни носи и нов Motul Суперфан.

Андреа Довициозо не сака да му посвети големо внимание на резултатот од првите три трки од новата сезона. Од она што можевме да го видиме во Катар, мотоциклите на Ducati беа најбавни во свиоците.

Хорхе Лоренцо верува дека наскоро ќе може да го покаже целосниот потенцијал откако имаше слаб настап за време на дебитанската трка во новиот тим.

Валентино Роси верува дека Suzuki има постигнато најголем напредок за време на зимските тестови.

Шефот на Ducati, Џиџи Дал’Игна ги отфрли обвинувањата дека е нелегален додатокот кој го има на нивниот мотоцикл и ја обвини Honda дека е виновна за целата оваа ситуација.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.