Домашни

За мотор на паркинг 15 денари од час

motori parking-motoriОпштина Центар од септември ќе почне да наплаќа за паркирање веспи, а дотогаш ќе важи тест-период.

Следете нè на:

 

motori parking-motoriОпштина Центар од септември ќе почне да наплаќа за паркирање веспи, а дотогаш ќе важи тест-период.

parking-motoriОпштина Центар од септември ќе почне да наплаќа за паркирање веспи, а дотогаш ќе важи тест-период.

Граѓаните уште од сега реагираат на најавената наплата за паркирање мотор на паркинзите на Општина Центар, иако таа ќе стартува во септември. Велат, збунети се како тоа општинското претпријатие за паркирање на исто ниво ги става автомобилите и моторчињата. 

„Ајде што секој слободен јавен простор го претворија во паркиралишта за кои наплаќаат, сега уште одлучиле да земаат пари и за веспи. Навистина не разбирам зошто, зар и за велосипеди ќе почнат да ни наплаќаат? Згора на се', не ни нудат гаранција и безбедност на возилата од кражби и слично“, коментира еден жител на Капиштец, кој во маалото забележал табла на која е наведено дека паркирање мопед чини 15 денари од час. 

Но, не само на паркиралиштата во Капиштец, туку на сите оние со кои стопанисува „Паркинзи на Општина Центар“ ќе се наплаќа за паркирање и на мопеди. Наплатата ќе стартува од септември. Од „Паркинзи“ не се вознемирени, ниту, пак, изненадени од реакциите на граѓаните. Велат дека не измислиле топла вода, посочувајќи дека наплатата за паркирање мопеди е практика во целиот свет. 

„Очекувавме реакции од граѓаните, бидејќи до скоро прашањето за регулирање на паркирањето не се решаваше соодветно. Веспи се паркираа на секој чекор, без притоа сопственикот да внимава дали го попречува движењето на тротоар или е непрописно паркиран на коловоз. Нормално е да ги третираме мопедите како и автомобилите, бидејќи и тие се рамноправни учесници во сообраќајот и ја загадуваат околината. А, и насекаде во светот се наплаќа за нивно паркирање“, ја правда одлуката за наплата за паркирање веспи на паркинзите, Маргарита Бакев, в.д. директор на „Паркинзи на Општина Центар“. 

Таа објаснува дека таблите кои веќе се поставени на некои паркиралишта, а на кои е наведена цената за паркирање за веспа, всушност, се дел од таканаречениот тест-период за едукација и предупредување на граѓаните. 

„Во овој период ќе ги информираме граѓаните дека и веспите и, воопшто, сите мопеди треба да се паркираат на соодветно место, односно на паркинг- простор. Во спротивно за сопственикот ќе следува казна, наречена дневна карта“, додава Бакев. 

Во Центар, на паркинзите со кои стопанисува општинското претпријатие, ќе има околу стотина обележани места за паркирање мопеди. Бројот на паркинг- места на конкретен паркинг ќе зависи од капацитетот и локацијата на паркиралиштето. 

И додека од „Паркинзи на Општина Центар“ се подготвуваат да почнат со наплатата за паркирање и за моторчиња, од ЈП „Градски паркинг“ велат дека засега тоа нема да стане практика на нивните паркинзи. 

„Сметаме дека сега немаме можности за такво нешто, бидејќи за паркирани мопеди треба да се обезбеди поголема гаранција од кражби и слично, оти станува збор за многу поспецифично возило од обична кола. Мопед лесно може да биде на удар на крадци, а за да се имплементира некој безбедносен систем, или, пак, чуварска служба, ни требаат дополнителни средства за инвестирање, а нашето претпријатие сега нема таква можност“, вели Борче Јакимовски, директор на „Градски паркинг“.

Извор: „Утрински

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

MotoGP шампионот, Марк Маркез, вели дека шасијата, перформансите на моторот како и поголемата концентрација се главните причини зошто има толку малку инциденти за време на трките.

Денеска ви носиме нови вести околу продажбата на мотоцикли.

Малата разлика во поразите на трките во Катар и Муџело покажува дека возачот на Honda е способен да победи на патеките кои му одговараат на мотоциклот на Ducati.

„Ги финализираме преговорите со возачот и неговиот менаџер. Се надеваме дека наскоро ќе ја слушнеме нивната одлука“ - Алекс Маркез ќе остане дел од Moto2 и ќе вози за Marc VDS?

Една од најинтересните работи кои ги видовме за време на WorldSBK трката која се возеше во Лагуна Сека беше преставувањето на најновиот модел кој ни доаѓа од фабриката во Болоња, Ducati Panigale V4 25° Anniversario 916.

Вообичаено, ова би требало да биде најдобриот период за забавниот парк во Калифорнија, но тој е затворен поради реновирање.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Листа на мото настани

  • 26 Јули 2019 - 28 Јули 2019
  • Клубски дом
  • Планина Плачковица

  • 10 Август 2019 - 10 Август 2019
  • Сè уште непознато
  • Битола

  • 24 Август 2019 - 24 Август 2019
  • Сè уште непознато
  • Прилеп

  • 31 Август 2019 - 01 Септември 2019
  • Патека Плевен
  • Долна Митрополија, Бугарија

  • 07 Септември 2019 - 09 Септември 2019
  • Република Македонија

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.