- Банерот е успешно зачуван
- Напишано од: Motori.com.mk
Рано утринава почина Сашо Николов (Сашо-Макпетрол).
Рано утринава почина Сашо Николов (Сашо-Макпетрол).
Мото клубот Reapers MC Macedonia во сабота ќе го прослави третиот роденден во Кафе Бар ЏИК - Стојаково.
На саемот „EICMA“ во Милано бевме дел од одбрана група која уживаше во италијанската префинетост, стил и начин на живот наречен Ducati Scrambler. Од сега новиот Scrambler е достапен за македонската јавност благодарение на Динамикс, увозникот на Дукати за Македонија.
Малиот Мехмед ја доби својата желба, доби мотор, кацига и јакна, се дружеше со моторџиите, иако на почетокот помалку и исплашен од неочекуваната атмосфера, сепак на крајот со смеење ни кажа: „Мојот мотор е најубав!“
Мехмед има 4 ипол години и сака да вози голем црвен мотор. Малиот Мехмед за жал боледува од леукемија, а фондацијата Златна Рипка се труди на овие дечиња да им ги исполни желбите. Стапивме во контакт со нив, и нашата заложба за реализација на желбата на Мехмед ќе вроди со плод.
Во Хонда салонот на Макпетрол пристигнаа новите модели на кациги од Нолан групацијата (Nolan, X-Lite и Grex).
Увозникот на француското моторно масло „Yacco“ во соработка со „Сито сервис“ и „Тумац“ започнува акција за бесплатна проверка на моторите и замена на масло од програмата на Јако.
Од денеска во Хонда салонот на Макпетрол можете да набавите скутер или мотор со попуст. Акцијата се однесува само на моделите кои се на залиха: CBR125R, SH Mode 125 и CB500X.
При нарачка на делови често пати се сретнуваме со проблемот на каталошкиот број кој зависи од изворот на веста, па така се случува за еден ист дел на интернет да најдеме неколку различни броеви. За да го избегне овој проблем Јамаха на своите клиенти им нуди едноставен начин да го пронајдат вистинскиот каталошки број за делот кој им е потребен.
Новиот и долго oчекуван МТ-09 Tracer 2015 веќе пристигна во изложбениот салон на Мото Азуро во Скопје.
Динамикс во својот салон во Скопје ги изложи новите модели на Kawasaki: ZX-6R 636, Z300, Z800, ER-6N и Z1000SX.
Макпетрол во својот салон ја изложи новата Хонда MSX125, уникатен, не конвенционален мотор со свој карактер. Иако е мал и лесен, се вози и делува како поголем мотор, што го прави MSX125 одличен избор за прв мотор за тинејџери.