И она малку слободно време што го има го посветува на кариерата, па затоа без проблем ја прифати нашата понуда да одговори на неколку прашања од македонските фанови. На Бен му испративме 20-на прашања од кои тој самиот одбра 10 интересни кои ги одговори.

Бен Спиз е човекот за кој сите МотоГП фанови имаат пофални зборови. Американецот кој е познат под надимакот "Elbow" (по тоа што освен колената, ги лепи и лактите на асвалтот) се појави како новајлија во МотоГП во сателитскиот тим на Јамаха откако минатата година ја освои титулата во WSBK. Во моментот е на 7-та позиција во генералниот пласман, веќе има подиум зад себе, а за наредната година веќе на големо се шпекулира дека ќе го пополни местото на Валентино Роси во фабричкиот тим на Јамаха.

И она малку слободно време што го има го посветува на кариерата, па затоа без проблем ја прифати нашата понуда да одговори на неколку прашања од македонските фанови. На Бен му испративме 20-на прашања од кои тој самиот одбра 10 интересни кои ги одговори.

П: Кога би можел да одбереш било чиј MotoGP мотор во моментот, кој би го одбрал?
О: Без размислување би го земал "предаторот" на Лоренцо.

П: Зошто бројот 11?
О: 11 бил отсекогаш мојот број, го користам откако се натпреварувам професионално. Во WSBK ја носев 19-та во чест на Рајан Смит, потоа се вратив на #11.

П: Која е најдобрата трка која си ја гледал?
О: Најдобрата трка која сум ја видел е онаа во 1991 помеѓу Kevin Schwantz и Wayne Rainey на патеката Hockenheim.

П: Дали би продолжил да се тркаш доколку загубиш од девојка?
О: Важен е талентот, не полот.

П: Дали си размислувал да возиш формула или било какви други трки на 4 тркала?
О: ДА!

П: Се будиш еден ден и го гледаш одразот на Марко Симончели во твоето огледало, што си помислуваш прво?
О: Има ли некој лак за коса?

П: Дали би се откажал од трките доколку љубовта на твојот живот го побара тоа од тебе?
О: Мојот одговор би бил, доколку некоја ме познава и сака, зошто би го побарал тоа?

П: Кога би бил супер херој, која би била твојата моќ?
O: Кога би имал супермоќ...тоа би било да ја гледам иднината, така ќе можам да станам екстремно богат.

П: Што би било врв на твојата кариера, после што можеш да кажеш "Доволно е, можам да се пензионирам"?
О: Врвот би го достигнал кога ќе се пензионирам и ќе знам дека сум дал се од себе

П: Што би сакал да те прашаат во интервју, и одговорот на тоа прашање.
О: Би сакал да ми дадат можност јас да поставам прашање, а тоа би било: -Кој е твојот омилен филм?

Back To Top