Разговараме со Христијан Бузалковски - Бузо за неговите планови во новата сезона.

Ја извозе твојата најдобра сезона во 2017-та, што можеме да очекуваме во 2018?

- Здравоо, па да може да се каже дека  ова е една од најдобрите сезони за мене и за мојот тим, станавме Европски вицешампиони,и секако јас и мојот тим сме пре задоволни со резултатот! Воедно во следната сезона ќе настапам во две класи, односно во класата СП125 и Ф600, и морам да признаам дека ке бидеме првиот македонски тим, кој што со еден возач ќе настапи во две класи! Едвај чекам да почне шампионатот!

26637995 10213293191701626 1693699998 n

Кој момент од минатата сезона ќе го издвоиш како најдобар, а кој како најлош?

- Па како најдобар момент можам да го издвојам моментот кога за прв пад победивме, а лоши моменти за среќа немавме многу, но еве ќе го издвојам кога бевме на трка во Романија, и кога имавме проблм со гумите (беа премногу меки), не можев да го возам моторот, и морав да се задоволам со 4-тата позиција.

До кога планираш да настапуваш во класата до 125цц?

- Мислам дека оваа година ќе биде последна во класата СП125, секако доколку не се случи нешто недај Боже непосакувано.

Дали ќе атакуваш на подиумот во класата F600 од првата трка или ќе одвоиш време за адаптација?

- Па веќе сите го знаат мојот стил на возење, и сите знаат дека ќе го дадам својот максимум за да дојдам до најдобрата позиција уште од почетокот на сезоната, но времето ќе покаже како ќе бидат работите.

IMGP2553

Се стекна со репутација како одличен возач во класата до 125цц, дали мислиш дека тоа ќе влијае на начинот на кој ќе те гледаат возачите во новата класа?

- Па донекаде влијае, морам да признаам дека возачите од појаката класа уште од сега ме гледаат како еден вид конкуренција,знаејќи дека со 125 вадам многу брзи времиња и на еден начин се малку подзамислени, ме прашуваат некои работи, споделуваат мислења заедно со мене, иако сè уште не сум им конкурент, односно не сум со нив на стартен грид хахах

Кои се твоите реални очекувања за следната сезона?

- Најреално, повторно ќе атакувам на титула во класата сп125, а во класата Ф600 планот е од вкупниот број на возачи, да бидеме на пола, иако јас од самиот старт ќе го дадам максимумот од себе!

Зошто се одлучи за Јамаха?

- Па искрено, Јамаха е моторот кој го сакав уште како дете, но и тој е стандардно најбрз мотор, и со малку додатна опрема може да биде доста конкурентен, односно моторцикл за прва позиција!

seres trka21 15 copy

Дали мотоциклот е подготвен, што поседува од опрема?

- Мотоциклот го купивме од стаза, значи е спремен за тркање, од опрема поседува: Тркачки пластики, quick shifter, launch control, pit limiter, ауспух од грани, ремапирана електроника, тркачки подесиви ногарки, брембо пумпа и дихтунг на глава.

Како ја поминуваш зимата, како се подготвуваш за следната сезона?

- Зимата ја поминувам во тренинзи со крос моторцикл, на приватна стаза која што ја имаме направено во местото каде што живеам, Водно и секојдневно трчам за да ја оддржувам кондицијата на ниво, сега на 6ти јануари ќе имаме и дружба со сите членови од клубот, на Зајчев рид, така да и тоа ќе биде како еден вид тренинг, и секако по празниците ќе продолжам со фитнес, секако со професионален тренер!

Каква е состојбата со спонзорите?

- Моментално сме во преговори за продолжувањето на договорите со спонзорите од 2017, и во потрага сме по нови спонзори.

Дали има промени во твојот тим?

- Тимот кои што победува не се менува хахахах, останувам во Ендуро Тим Водно и следната сезона, и се надевам дека уште долги години ќе испишуваме историја во брзинскиот моторциклизам!

Што би сакал да кажеш, a заборавивме да те прашаме?

-Во глобала опфативме се, би сакал да се заблагодарам на мојот тим, на мојот клуб, на моите родители, сите поддржувачи, спонзори и помагатели, следете ме и навивајте за мене, а јас ќе се потрудам да ги оправдам вашите, а воедно и моите очекувања! Ве сакам ! #Gaaaaaaas71

IMGP3457

Back To Top