Интервјуа

Мич Еванс се чувствува одлично во тимот на HRC Honda

Австралиецот Мич Еванс ќе му стане нов колега на шампионот Тим Гајсер во сезоната 2020 од MXGP серијата.

Следете нè на:

Австралиецот Мич Еванс ќе му стане нов колега на шампионот Тим Гајсер во сезоната 2020 од MXGP серијата.

Младиот возач веќе се докажа во MX2 категоријата откако во својот прв настап стигна до место на подиумот. Сега за цел има повторно да се искачи на подиумот но овој пат во MXGP. Помеѓу зимските тестови, успеавме да разговараме со Мич и ги слушнавме неговите планови за следната година.

Мич, каков беше почетокот на твојата кариера со оглед на тоа дека доаѓаш од Австралија?

- Почнав да се натпреварувам во неколку локални серии, MXJunior, MXOne и MXD шампионатите. Потоа се преселив во Европа и 2019 година ми беше прва сезона како возам на овој континент и како сум дел од 114 Motosport. Ова ми значи многу бидејќи настапувам на истите патеки каде што во минатото возеле и моите херои.

Motul MitchEvans txt 1 06 12

Џакомо Гариболди има високо мислење за тебе и за твојот настап на 2018 MX of Nations. Дали и за тебе овој настан има посебно значење?

- Да, тоа беше многу важен момент во мојата кариера. Австралија има само две места на овој настан и морав да дадам се од себе за да бидам дел од натпреварувањето. И за среќа успеав.

На средина си од тренинзите и тестовите. Какво беше првото искуство со овие мотоцикли?

- Досега немам возено Honda 450. Но уште од првиот пат кога се качив на мотоциклот се чувствував сигурно. Тој е многу лесен за возење. Веднаш знаев дека ја донесов вистинската одлука.

Motul MitchEvans txt 2 06 12

Оваа година ќе му бидеш тимски колега на актуелниот шампион, Тим Гајсер. Дали тоа ти помага или ти прави дополнителен притисок?

- Мислам дека тоа ми помага бидеји можам да учам од најдобриот. Не верувам дека ми прави дополнителен притисок. На ова гледам како на една голема предност бидејќи одблиску можам да го гледам неговиот настап и да учам од него. Плус, одлично се сложуваме. Тим е навистина добра личност.

Има уште до почетокот на сезоната 2020 но можеш ли да ни откриеш кои се твоите цели за оваа сезона?

- Тоа е тешко да се каже. Искрено, сакам да се искачам на подиумот и ќе дадам се од себе тоа да се случи. Но јасно ми е дека и другите возачи се навистина добри и ќе морам да бидам малку поприземен во однос на очекувањата. Идеално, би сакал постојано да бидам меѓу најдобрите десет возачи а кога ќе имам добар ден, да се најдам и меѓу првите петмина. Мислам дека тоа може да се постигне. Секој резултат над тоа би бил неверојатен.

Motul MitchEvans txt 3 06 12

Во моментов имаш тренинзи. Дали тоа значи дека секој ден си со мотоциклот?

- Не, во овој период од годината работиме на физичката подготвеност. Возам два пати неделно само колку да останам во форма. Претежно сум во сала каде што вежбам. Искрено, сега ова ми е еден од најинтересните делови но кога бев помлад се обидував да го избегнам. Но сега после тренинг се чувствувам фантастично.

Motul MitchEvans txt 4 06 12

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

Го купивте најновиот и најдобриот авантуристички мотоцикл и ја имате најдобрата заштитна опрема. Конечно ќе ja почнете вашата авантура. Можеби вашиот мотоцикл и опрема се подготвени за она што ве очекува но дали сте вие подготвен?

Suzuki блескаше во Шпанија откако Алекс Ринс ја постигна првата победа по повеќе од 12 месеци. Јоан Мир, и покрај тоа што се уште нема победа е лидер на табелата на четири трки до крајот на шампионатот.

На прв поглед, Kawasaki Ninja H2 SX SE+ изгледа прилично скапо.

Шеста година по ред Џонатан Реа е шампион во WorldSBK серијата

Suzuki ја слави првата победа на Алекс Ринс во 2020 MotoGP Светскиот Шампионат. Јоан Мир е нов лидер на табелата.

Валентино Роси ќе ја пропушти трката која викендов се вози на патеката Арагон во Шпанија откако излезе позитивен на тестирањето за Ковид 19 вирусот.

Реклами

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.