Дали затворањето на визирот на вашата кацига го прави воздухот што го дишете опасен?

Сигурно се прашувате, што би можело да биде опасно во врска со воздухот? За оваа дискусија ајде да се фокусираме на кислородот (O2) и јаглерод диоксид (CO2). Не грижете се, не е потребно добро познавање на хемија.

Вообичаено дишеме воздух кој што се состои од 21 процент кислород и 0.1 процент јаглерод диоксид.  Остатокот е претежно азот и уште неколку други гасови. Го користиме кислородот за да ги одржиме во живот нашите келии. Поради тоа, кога издишувате, она што излегува има помалку кислород. Генерално, нивото се намалува од 21 на 16 проценти. Без ново надополнување, го губите кислородот како рударите кога се заробени во некој рудник. Рударите не губат воздух, туку само кислород. Покрај тоа, тие произведуваат и јаглерод диоксид, исто како што и вие правите сега. Тоа пак ги прави растенијата среќни.

Јаглерод диоксидот се произведува благодарение на вашите клетки. Тој е спореден продукт од кој се ослободувате кога издишувате. Но што се случува, ако исто како кај рударите, издишувате во затворен простор каде што нема проток на свеж кислород? Кога се собира големо количество на CO2, тоа влијае на работата на срцето, крвниот притисок и мозокот. Конфузија, проблем со ориентацијата се првите етапи а ако нивото на јаглерод диоксид продолжува да се зголемува, на крајот доаѓа до губење на свеста. Ефектите зависат од нивото на CO2 и од тоа колку долго сте изложени.

Но дали спуштањето на визирот на кацигата може да доведе до намалување на количеството на кислород и  зголемено ниво на CO2? Има една студија која се обидува да одговори на ова прашање. Тие користат кукли за експериментите во лабораторија и луѓе за тестовите кои се одржуваат надвор. Во овој текст ќе се фокусираме на резултатите од луѓето. Резултатите покажуваат дека нивото на CO2 се движи помеѓу 2 и 2.5 проценти. Во теорија, нивото е доволно виоко за да направи да се чувствувате лошо(сепак никој од возачите не пријави вакво нешто). Возејќи на границите на дозволената брзина низ град и на автопат, нивото на јаглерод диоксид се спушта до безбедното ниво. Интересно, доколку мирувате и нема проток на воздух, нивото на CO2 е малку различно , без разлика дали кацигата е отворена или не.

Spurgeon Kawasaki Z900 txt 1

Не сум изненаден од нивните податоци. Протокот на воздух е добра работа а дишењето на топол воздух кога нема ветер едноставно прави да се чувствувате непријатно. Истражувањето е од 2005 година а кај кацигите кои ги имаме денеска, протокот на воздух е многу подобар. На мојата кацига има вентилатор кој се наоѓа кај штитникот за брадата.  Но едно нешто ме збунува? Зошто возачите не се чувствуваат лошо ако затворениот визир доведува до зголемување на нивото на CO2? Или пак професионалните возачи, кај кои нивото на CO2 е сигурно поголемо, зошто не се онесвестуваат додека возат? Студијата не одговара на ова прашање а и јас немам конечен одговор.

Но имам неколку претпоставки. Прво, условите во лабораторија никогаш не се исто како условите кои ги имаме надвор. Погледнете ги само резултатите од испитувањата на некои лекови. Тие функционираат под контролирани околности, но надвор реалноста е поинаква. Како што расте нивото на јаглерод диоксид, вашето тело зема се повеќе и почесто воздух. А бидејќи не постои кацига која е херметички затворена, до вас сепак доаѓа воздух кој не е богат со CO2. Тоа прави состојбата на вашето тело да се нормализира.

Но што е со тркачите кои на моменти имаат и до 180 отчукувања на срцето и кои произведуваат голема количина на CO2? Студијата покажа дека возење до брзина од 50 километри на час е доволно да го намали нивото на јаглерод диоксид. Во тој случај би се чуствувале исто како да стоите некаде без кацига. Но тркачите не поминуваат многу време возејќи со брзина помала од 50 км/ч.  На некои патеки брзината достигнува до 300 км/ч па целиот јаглерод диоксид кој го издишуваат се разлетува низ воздухот.

Поради тоа, во ред е да возите со затворен визир дури и на подолги патувања. Доколку не беше така, на улиците ќе гледавме голем број на онесвестени возачи.

Lemmy Zero DSR txt 2

Извинете но за жал не можете да го користите ова како оправдување да не носите кацига или пак да возите со отворен визир. А доколку продолжите да го правите тоа, сигурно нема да ви успее оправдувањето кога на полицаецот ќе му кажете дека намерно возите без кацига бидејќи со неа вдишувате големо количество на јаглерод диоксид.

Но секако, можете да го отворите визирот додека чекате некаде.

Back To Top