Ниту еден возач не смее да престане да ги подобрува своите вештини

Едвај можам да одам и да џвакам мастика во исто време но една работа во која сум прилично добар е возењето мотоцикл. Тоа го правам повеќе од 20 години и во тој период успеав да научам голем број на техники и трикови кои не само што ми помогнаа да станам подобар возач туку и попаметен.

Возењето мотоцикл е ризично само по себе па ајде затоа да вежбаме малку на нашата техника и вештини со цел да станеме подобри возачи. Ова е начинот на кој јас сакам да возам.

vozenje motor sovet

  1. Два прста на кумплугот

Два прста ви се доволни за да „работите“ со кумплунгот. Користењето на четири прста е во ред доколку стоите или доколку кумплугот е тежок, но штом почнете да возите, користењето на еден или два прста е сосема доволно. Морам да признам, оваа техника ја научив додека возев оф роуд каде што самиот терен бара од вас поголема контрола над мотоциклот но истото тоа слободно може да се преслика и во уличното возење. Со тоа што користите еден или два прста на кумплугот или сопирачката, вие имате поголема контрола над мотоциклот бидејќи со двете раце цврсто ги држите рачките. Ако сте возач кој ги користи сите четири прсти, следниот пат кога ќе излезете да возите обидете се да користите само два прсти. На почеток можеби ќе ви делува чудно но за кратко време тоа ќе ви стане навика.

kumplung dva prsta motor

Кумплунгот кај поголемиот дел од мотоциклите овие денови е прилично лесен, но ако ако возите на долго растојание, големи се шансите за брзо време да се уморите. Затоа ви препорачувам, додека сте дома и гледате телевизија, земете една растеглива гума и вежбајте ги дланките. Во идеалниот свет, два прста на сопирачката би биле доволни да го сопрете предното тркало. Но во нашиот свет, сето тоа зависи од видот на мотоциклот. Добро запознајте ја својата машина и бидете подготвени да ги употребите сите четири прста доколку имате потреба за тоа.

  1. Прилагодете ја зоната на повлекување кај кумплунгот според вашите потреби

{mp4remote}http://motorcycle.com.vsassets.com/blog/wp-content/uploads/2017/12/Adjusting-the-clutch1.mp4{/mp4remote}

На еден или на друг начин, зоната на активирање на кумплунгот кај мотоциклите можете да ја прилогодите според вашите потреби. Кај некои модели доволно е да се прилагоди кабелот додека пак кај оние со хидрауличен кумплунг кои имаат главен цилиндар, тие имаат завртка со која рачката можете да ја повестите понапред или поназад. Не постои вистинска или погрешна зона на триење се додека кумплунгот функционира беспрекорно и сето тоа зависи од потребите на возачот. Јас сакам кога ја држам рачката со мојот показалец и среден паст, а во исто време остатокот од рачката се потпира на останатите два прста. Оваа техника е добра кога возите побавно и кога ви е потребна брза реакција. Доколку сакате рачката да ви биде подалеку, во ред е и тоа. Целта тука е да ви потенцирам дека тоа можете да го прилагодите според вашиот начин на возење. Направете неколку промени за да видите како најдобро ви одговара.

  1. Вежбајте вртење лево и десно во кругови

{mp4remote}http://motorcycle.com.vsassets.com/blog/wp-content/uploads/2017/12/Left-Right-Circles1.mp4{/mp4remote}

Можеби ќе ви делува смешно но ова е основна вежба која ќе ви биде од голема корист. Верувале или не, но вртењето на лево е полесно отколку вртењето на десно. Ова е точно поради две причини: Прво, луѓето повеќе ја користат десната рака и полесно е да ја оттурнете рачката со доминантната рака (секако дека при поголема брзина туркањето на рачките во лево ќе го однесе моторот кон десно). Второ, и уште поважно, рачката на задната сопирачка е на десната страна што значи дека е многу потешко доколку треба да сопрете и да ја спуштите ногата, а вртите во десно во исто време. Токму поради оваа прчина во тркањето, а особено во мотокрос и суперкрос, првиот свиок вообичаено е на левата страна за возачите полесно да можат да кочат и да оддржат балансот на мотоциклот. Оваа вежба најдобро се прави на слободен паркинг, а линиите на асфалтот ќе можете да ги користите како правец. Започнете првин налево и малку по малку круговите нека ви стануваат се помали. Потоа повторете го истото и на десната страна. Сигурно веднаш ќе забележите дека е малку потешко. Оваа вежба ќе ви помогне не само да го подобрите вашиот баланс туку и маневрирањето.

  1. Правете осмици

{mp4remote}http://motorcycle.com.vsassets.com/blog/wp-content/uploads/2017/12/Figure-Eight1.mp4{/mp4remote}

Слична вежба како и погоре наведената со таа разлика што сега ги комбинираме двете работи. Почетокот е ист, започнете најшироко што можете и малку по малку круговите нека се стеснуваат. Сигурно сте слушнале за терминот „flickability“. Тоа е кога возачот лесно се префрла од едната страна на другата и без никаков проблем ја поврзува левата со десната страна. Не заборавајте само на почеток да возите побавно.

  1. Вежбајте сопирање

{mp4remote}http://motorcycle.com.vsassets.com/blog/wp-content/uploads/2017/12/Hard-braking1.mp4{/mp4remote}

Оваа вежба можете да ја извршите на некој слободен паркинг или на улица само во никој случај немојте да ја правите ако има гужва во сообраќајот. Целта на оваа вежба е да видите колку време му е потребно на вашиот мотоцикл целосно да сопре бидејќи никогаш не знаете во каква ситуација можете да се најдете. Повторете ја вежбата неколкупати и секој пат забрзувајте до различен степен. Всушност, никогаш не сакате силно да притиснете на сопирачките. Најдобро е првин да притиснете нежно, а потоа притисокот постепено да се зголемува. Силното запирање при голема брзина ќе ја наруши рамнотежата на вашиот мотоцикл. Затоа е добро да сте запознаени со тоа што можете да очекувате и како на вистински начин да ја притиснете сопирачката. Ако вашиот мотоцикл е опремен со ABS сопирачки, треба да знаете кога и како се вклучува системот. Некои системи се вклучуваат порано од другите но во никој случај немојте да заборавите дека ABS се само помош за возачот, а не и мрежа која ќе треба да ве фати.

  1. Притискајте со предниот дел од стапалата

prsti pritiskanje

Ногарките не се наменети само да ви помогнат да се одморите. Исто како и со рачките, доколку ги притиснете посилно, тоа ќе влијае врз самото управување со мотоциклот. Притискањето и на двете страни не само што ќе го направи балансот подобар туку и самото возење ќе го направи постабилно. Друга корист од ваквото возење е што ќе и помогне на суспензијата. Сакате вашето тело да биде како да е дел од суспензијата, а не од рамот.

  1. Седете поблуску до резервоарот за гориво

poblisku do rezervoarot

Ова повеќе се однесува при возењето на спортските мотоцикли отколку на крузерите но сепак добра практика би ви било доколу седите поблуску до резервоарот. Главната причина за ова е балансот кој ќе го има мотоциклот бидејќи тежината на овој начин е централизирана и рамномерно распределена.

  1. Не гледајте каде вртите туку каде сакате да стигнете

gledajte kade vozite

Ова постојано го слушаме но мора да признаеме дека е навистина важно. Ова има голема поврзаност со фиксирањето на одреден објект, а тоа е и главната причина за поголемиот дел од несреќите. Кога некој возач премногу остро ќе влезе во свиокот, тој се фиксира на тоа што е можно пошироко да излезе од свиокот или пак да не се удри во пречката која е пред него. Вашиот мотоцикл ќе се движи онаму каде што вие гледате. Ваквото фиксирање е вродено но со тренинг и повторување ќе станете попаметен и подобар возач.

  1. Правилно позиционирање во лента

pozicija vo grupa motori

Уште една едноставна но често игнорирана практика е точно позиционирање во лента.  Како возач, треба да се позициониране на тој начин не само останатите учесници во сообраќајот да ве видат туку и да им дадете простор да маневрираат.  Без разлика дали возите сам или во група, првиот возач треба да се позиционира на левата страна. Кога сте повеќе возачи, другите треба да се позиционираат зад вас наизменично, лево и десно. На раскрсница, повторно позиционирајте се на левата страна.  И да не заборавиме, немојте да возите во слепата точка на некој автомобил.

  1. Останете опуштени

opusteno vozenje motor

Пред се, во суштина мотоциклизмот треба да биде нешто забавно. Тоа е врска меѓу човекот и машината, врска која ќе се развие само со  внимание, доверба и трпение. Возачот мора да го научи мотоциклот и како тој се однесува. Исто како и луѓето, сите имаат свои добри и лоши страни.

Се надевам дека овие совети кои ги научив во моето досегашно возење ќе ви бидат од корист. Но дури и најдобрите возачи секогаш можат да ги подобрат своите вештини. За оние пак кои сега почнуваат, овие вежби се одличен начин да ги развиете вашите способности и да изградите доверба во вашиот мотоцикл.

Извор: motorcycle.com

Back To Top