Корисни текстови

И македонските моторџии ќе штитат деца од педофили

„BACA“ се група моторџии што освен со својата љубов кон високите октани се занимаваат и со благородна мисија, помагаат злоупотребените деца да ја вратат самодовербата, а нивните напори станаа светски тренд, на кој ќе му се приклучат и македонските здруженија на вљубеници во мотори.

Следете нè на:

 

motordzii-baca

„BACA“ се група моторџии што освен со својата љубов кон високите октани се занимаваат и со благородна мисија, помагаат злоупотребените деца да ја вратат самодовербата, а нивните напори станаа светски тренд, на кој ќе му се приклучат и македонските здруженија на вљубеници во мотори.

 Мотоклубовите со нова мисија

Не можеме ни да си замислиме низ што поминува деветгодишното девојче што месецов беше намамено со триесет денари од старец на Првомајска, за да ја допира по нејзината интима. Експертите велат дека децата, откако ќе поминат низ трауматична ситуација, кога ќе бидат нападнати од педофили, ги губат самодовербата и вербата во други луѓе. По злоупотребата, тие се облиени со страв и многу тешко се враќаат во реалниот живот.

Моторџиите од БАЦА (Бајкерс агенст чајлд абјус), во соработка со полицијата, веќе 19 години го враќаат чувството на безбедност кај злоупотребените деца. Најпрво тој благодат го имале американските деца, но сега моторџиите низ целиот свет се приклучуваат кон истата мисија.

- Во моментов работиме со луѓе од Хрватска за да се имплементира мисијата на БАЦА и со уште една група моторџии од Грција. Веќе имаме активни моторџии во Италија, Холандија, Франција и работиме со поголема група во Германија. Има иницијатива и од 12 други европски земји. БАЦА доаѓа во Европа, и тоа со големи чекори, и мислам дека е само прашање на време кога моторџиите од Балканот ќе ни се приклучат. Моторџии од Босна изразија интерес, но сѐ уште не е ништо договорено - изјави Брус Гатс Андре од БАЦА за „Нова Македонија“.

ДОБРА ИДЕЈА

На Балканот и во Македонија моторџиите полека се организираат за да се вклучат во благородната мисија.

- Идејата е многу добра. Звучи одлично и би сакале да се вклучиме. Прво, се разбира, треба да се види како точно функционира мисијата и треба да се исконтактираат иницијаторите за да се прецизираат термините за одржување обука кај нас - изјави Ленин Јовановски, претседател на клубот „Ноќни волци“.
Желбата за почеток на оваа мисија е и затоа што и „Ноќните волци“, поточно македонските моторџии, имаат меко срце. Јовановски истакна дека се постојани пријатели на децата со аутизам и дека редовно соработуваат со полицијата во проекти за безбедно возење.

- За жал, кај нас не постои БАЦА во директна форма, но секако дека иницијативата е тука, а заинтересираноста за вакво нешто е голема. Ако има услови да се продолжи иницијативата и во нашата земја убеден сум дека ќе има голем одѕив кај моторџиите - изјави Благоја Мартиновски, познат скопски моторџија.

Моторџиите како браќа и сестри

Џон Пол, Шефот Лили, социјален работник, е основачот на БАЦА. Приказната започнала кога 8-годишно момче што било злоупотребено било толку исплашено што не го напуштало својот дом. Шефот, бидејќи имал среќни спомени од детството со моторџии, го вклучил момчето во моторџиска тура. Момчето за неколку недели целосно се опуштило и низ градот возело велосипед и почнало да се дружи со своите врсници.

- Чекаме подготвено за да ги заштитиме овие деца од понатамошно злоупотребување. Не ја поддржуваме употребата на насилство или некоја физичка сила, но ако ситуацијата побара од нас да употребиме сила за да го заштитиме детето, подготвени сме и за тоа - објаснуваат моторџиите од БАЦА.
Моторџиите додаваат дека братството и семејните вредности не се само начин на живеење, туку начин на живот. Еден за сите и сите за еден е нивната реалност. Откако детето ќе се опушти и ќе ги запознае, разбира дека повеќе не е немоќно, а стравот од напаѓачот ќе исчезне, велат психолозите.

Полицијата ги поддржува и им помага

Судовите и полициските служби, кога ќе наидат на случај со детска злоупотреба, испраќаат извештаи и до БАЦА. Тие понатаму проверуваат дали детето што е искористено има безбедносни стравови. Ако детето има потреба од поголема моторџиска фамилија, браќата и сестрите се собираат и го посетуваат. Претходно, известена е и полицијата. По пристигнувањето во домот на детето тие му даваат елек со зашиен амблем од БАЦА на грбот, налепници и слично. Првичната посета најчесто трае околу половина час. Кога ќе заминат, детето има два телефонски броја од членови што живеат најблиску до неговиот дом. Пред да бидат директни контакти на детето, а и воопшто членови на организацијата, моторџиите мора да бидат проверени дали имаат досие и дали ги поминале обуките од здравствена ментална установа. Моторџиите ги придружуваат потоа децата ако треба да одат на сослушување, интервју или ако се сами дома. Тие исто така организираат и забави за децата.

Извор: Нова Македонија
Автор: Јасна Атанасова / Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Би можело да ве интересира

Веќе долги години Suzuki работи напорно од своето седиште во Хамамацу.

„ Во суштина, ние се уште имаме проблеми со тракцијата и со максималната брзина. Ова е главното нешто кое ни недостасува во споредба со останатите “ - Франко Морбидели

Викендов на патеката во Серез, Грција, започнува БМУ Европскиот и Македонскиот шампионат во брзински мотоциклизам.

Стартуваше новата MotoGP сезона. Минатата недела имавме навистина возбудлива трка во Катар. Новата MotoGP трка ни носи и нов Motul Суперфан.

Андреа Довициозо не сака да му посвети големо внимание на резултатот од првите три трки од новата сезона. Од она што можевме да го видиме во Катар, мотоциклите на Ducati беа најбавни во свиоците.

Хорхе Лоренцо верува дека наскоро ќе може да го покаже целосниот потенцијал откако имаше слаб настап за време на дебитанската трка во новиот тим.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.