Корисни текстови

„Јадење“ на гумите: Најчести типови и причини

Во ова упатство зборуваме за неколку различни оштетувања кои можете да ги најдете кај пневматиците и како да го спречите тоа.

Следете нè на:

 

Нашата цел е да ви помогнеме да научите повеќе за оштетувањата кои можат да настанат кај пневматиците со цел подобро да се справите со проблемот ако се појави или пак кога тој ќе се појави. Сепак, не може да се каже дека токму една работа е одговорна за едно оштетување додека пак друга е одговорна за друго. Затоа на ова гледајте како на поедноставно упатство, а не како правилник. Тоа ќе му го оставиме на експертот Дејв Мос. Ајде сега да зборуваме малку за првиот вид на оштетување.

losa guma

„Cold Tear“

images ColdTearПричина: Ваквото оштетување настанува кога пневматикот е премногу напумпан. Кога гумата е премногу напумпана, контактот со површината е премногу мал и не може да се развие доволно топлина која треба потоа да се рашири низ целиот пневматик. Она што се случува тука е брзо загревање на надворешниот дел на пневматикот додека пак внатрешниот дел од гумата не ја достигнува потребната температура. На овој начин, надворешниот дел веднаш се оштетува.

Симптоми: Оштетувањата се навистина длабоки и имаат форма на нокт. Доколку успеете да го протнете прстот во оштетениот дел од пневматикот и да извадите парче од него, тогаш дефинитивно станува збор за „Cold tear.“

Hot Tear

images HotTearПричина: Ова оштетување настанува кога пневматикот не е доволно напумпан. Кога гумата не е доволно напумпана, контактот со површината е преголем и поради тоа доаѓа до прегревање на пневматикот. Тоа доведува до брзо топење и распаѓање на гумата поради центрифугалната сила која се создава во моментот на вртење на тркалото.

На прв поглед изгледа многу слично на оштетувањето кое настанува кога пневматикот е премногу напумпан но бидејќи се загрева целата гума наместо само површината, со многу мал напор можете да извадите парчиња од пневматикот а тоа значи и дека оштетувањето не е премногу длабоко.

Симптоми: Како што веќе кажавме, не треба да се вложи голем напор за да се извадат парчиња бидејќи целата гума се прегрева. Овие оштетувања не се толку длабоки но се распространети на повеќе места. За разлика од претходното оштетување, тука не можете така лесно да го пикнете прстот во оштетувањето.

Исто така ќе забележите и дека оштетувањата се по средината на пневматикот, а тоа настанува поради центрифугалната сила која настанува при вртењето.

Оштетувања поврзани со суспензијата

Кога зборуваме за суспензијата и како погрешните сетинзи може да влијаат на оштетувањата на пневматиците, тешко е да се објасни што точно значат симптомите бидејќи не секој вид на оштетување е уникатно за некоја одредена компонента на суспензијата. Сепак, подолу ќе споменам неколку работи кои би можеле да ви помогнат подобро да разберете дали проблемите кои ги имате со пневматиците се поврзани со суспензијата.

Доколку сетинзите на задната суспензија се погрешно наместени до таа точка да очекуваат од пневматиците да се однесуваат како дел од суспензијата, веднаш ќе забележите некои необични оштетувања бидејќи едноставно гумата не е дизајнирана за да се користи на тој начин.

За оние кои не се доволно упатани, проблемите со неправилно поставените сетинзи би можеле да ги поврзат со проблеми со притисокот. Но сепак, има некои разлики и прашања кои можете да си ги поставите со цел да почнете да се движите по вистинската насока и да ги отстраните.

Дали знаете дали го имате вистинскиот амортизер?

Доколку вашиот амортизер е премногу тврд или пак премногу мек, костурот на гумата ќе биде изложен врз голем притисок бидејќи од него ќе се бара да се однесува како значаен дел од суспензијата. Тоа доведува и до побрзо оштетување на гумата.

Дали оштетувањето е секаде исто?

images SuspensionTyreWear

Погледнете ја дебелината на оштетувањето. Ако забележите дека ширината на оштетувањето не е секаде исто и значително се разликува од едно до друго место, тогаш тоа е добар индикатор дека нешто не е во ред со суспензијата

Дали оштетувањето е низ целата гума?

Доколку е така, тогаш проблемите можеби се поради лошиот притисок. Доколку пак забележите дека некои делови од пневматикот се добри додека пак други имаат големи оштетувања, тоа е уште еден показател дека има проблем со сетинзите на суспензијата.

Дали ќошевите на шарата се подигнати?

images RaiseEdgeOfTread

Во овој случај станува збор за погрешно наместен „rebound“ сетинг на предните или на задниот амортизер. Враќањето е премногу брзо или премногу бавно, обидете се да го наместите од почеток.

Geometry Tears


Премала тежина на предниот дел

TooLittleWeightПричина: Овој вид на оштетување не е толку чест бидејќи настанува поради погрешниот геометриски сет ап и обично влијае на предниот пневматик. Ова што можете да го видите на сликата е резултат на тоа дека нема доволна тежина на предната гума и таа не може да ја постигне потребната температура.

Тоа пак значи дека гумата нема доволна тракција и се влече по површината наместо да се тркала кога возачот ќе притисне на гаста. Површината на гумата тогаш премногу се загрева и се распаѓа.

Симптоми: Бидејќи нема доволно тежина на предната гума, ќе забележите многу помали оштетувања слични како кај пневматикот кој не е доволно напумпан, со таа разлика што оштетувањето ќе има дебелина од 5 до 10 милиметри и ќе се наоѓа помеѓу центарот и крајот на гумата. Вообичаено кај ваквите оштетувања е тоа дека тие се распространети низ целата гума.


Преголема тежина на предниот дел

images geometrytearПричина: Како што кажува и самиот наслов, другиот вид на оштетување настанува кога има преголема тежина на предниот дел. Она што се случува тука е тоа дека кога почнувате да вртите во свиокот, поради поголемата тежина на предното тркало тоа нема да се врти правилно. Дури откако ќе го исправите мотоциклот и кога повторно ќе притиснете на гаста предната гума ќе се ослободи од притисокот.

Покрај тоа што овој проблем настанува кога има преголема тежина на предното тркало, тоа исто така може да настане и кога гумата е премногу мека, а во исто време има и голем притисок врз неа.

Симптоми: При ваков проблем настануваат оштетувања на крајната третина на гумата и поради тоа површината која е зафатена е прилично голема. Доколку забележите вакви оштетувања кои се исти по целата површина на гумата, тогаш можете да бидете прилично сигурни дека тоа се случило поради преголема тежина на предното тркало.


Сини пневматици

images MotorcycleBlueTyresСигурно често сте го слушнале прашањето зошто моите пневматици се сини или пак што е ова синово нешто на моите гуми. Многу луѓе сметаат дека кога ќе видите нешто вакво, тогаш вашите гуми се уништени. Но тоа не е сосема точно.

Што ги прави сини?

Пневматиците за мотоцикли содржат масла кои ги оддржуваат меки. Сино-зелената течност која понекогаш можете да ја видите е само маслото кое излегува на површината.

Зошто на површината?

Откако пневматиците се искористени до таа точка за да бидат премногу загреани, откако ќе се оладат маслото многу често излегува на површината. Кога повторно ќе почнете да го возите мотоциклот, бојата ќе исчезне. Откако ќе запрете со возење и ги оставите пневматиците да се оладат, повторно ќе ја видите сината боја.

Секоја пат кога пневматикот го поминува циклусот на загревање и ладење, тој ќе губи дел од течноста која го оддржува мек. Само да напоменам дека пневматиците наменети за тркачка патека се многу поосетливи на оваа промена во однос на уличните пневматици.

Што сакаме да видиме од нашите пневматици

images GoodTyreWearВеќе знаеме дека не сакаме да видиме никакви оштетувања, но што сакаме да видиме од нашите пневматици? Погледнете ја сликата, ова е токму она што го барате. Сепак тоа не значи дека тоа ќе ви обезбеди врвни перформанси но големи се шансите да го продолжите животниот век на вашите гуми.

Заклучок

Пневматиците за мотоцикл се многу скапи и се веројатно најголемиот трошок за секој кој редовно вози на тркачка патека. Затоа е од голема важност да се справите со оштетувањето на пневматикот со цел подолг период да можете да ги искористите вашите гуми. Покрај тоа, ова е важно и за состојбата на вашиот паричник.

Со оглед на сите работи кои досега ги кажавме, би сакал да мислам дека сега ќе можете да ги забележите знаците кои укажуваат на оштетување на пневматикот и ќе можете веднаш да го решите проблемот пред гумите да ви бидат целосно уништени.

Исто така треба да напоменеме и дека ова е само едно поедноставно упатство за оштетување на пневматиците бидејќи има голем број на фактори кои играат улога како што се притисокот, суспензијата, како го возите вашиот мотоцикл. Затоа, се што сакам со овој текст е да ви дадам само основно знаење кое ќе ве упати во вистинскиот правец и се надевам дека го постигнав тоа.

Податоците се користени од: feelthetrack.com

Би можело да ве интересира

Неделата воопшто не изгледаше како ден на кој ќе се постави нов рекорд во Мото3 класата. Дождот предупредуваше да не се преземаат ризици и да се биде внимателен. Но Чан Онку се погрижи да се случи токму спротивното.

Последната трка од шампионатот ја одбележаа многуте падови, победата на Довициозо и подиумот на Алекс Ринс, а она што беше нај впечатливо беше успехот на Пол Еспергаро кој го донесе КТМ на третата позиција.

GRT Yamaha официјално потврди дека ќе му се приклучи на FIM Светскиот Супербајк шампионат во 2019 година, а Марко Меландри и Сандро Кортезе ќе бидат возачи на екипата.

Џонатан Реа уште еднаш покажа дека е еден од најдобрите возачи откако постигна најбрзо време на првиот зимски тест кој се оддржа на патеката во Арагон. Пробувајќи го за прв пат  ZX-10RR опремен со новите спецификации, Реа беше за 1.5 секунди побрз од останатите возачи.

Три кратниот светскиот шампион беше именуван за член на MotoGP™ Legend а Шпанецот исто така за време на последната трка од сезоната која се вози во Валенсија ќе биде вклучен и во куќата на славните. Педроса, во 2003 година ја освои титулата во категоријата од 125cc а во 2004 и 2005 година титулата во 250cc. Тој е еден од најуспешните возачи во премиерната класа.

„ Ducati потврди дека нема да биде продолжена соработката со поранешниот MotoGP шампион“

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.