Ми се допаѓа патувањето со моторцикл. Ми се допаѓа планирањето,чувството пред да тргнете во авантура,

Доколку имате совети или патепис кој сакате да го споделите со нашите читатели можете да го испратите на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Ми се допаѓа патувањето со мотоцикл. Ми се допаѓа планирањето, чувството пред да тргнете во авантура, да се биде на пат на ново и интересно место со вашите пријатели и враќањето дома со нови спомени и искуства. Можеби на повеќето од вас не ви треба ништо друго освен екстра пар чорапи, долна облека и шатор, но има и возачи на кој им е потребна мала помош при подготовката за ваква авантура.

Можеби некои од овие информации ќе ви се чинат премногу, но извинете за мојот ентузијазам. Нашето патување до Аризона и назад беше интересно, но мене уште поголемо задоволство ми направи тоа што неколку момци застанаа да јадат на место кое што го најдов неколку недели пред нашето патување или споредниот пат што го најдов а кој беше одличен за возење. Сигурен сум дека повеќето од вас не одат на патување толку често колку што сакаат, па затоа јас го подготвив овој водич, за да искористите најмногу што можете од патувањето и да ги избегнете проблемите што може да ви се случат на пат.

Прв чекор: Дестинација

Прво нешто на што треба да помислите кога почнувате да планирате патување е колку време имате и каде сакате да одите. Земете го во предвид и вашето претходно возење и колку километри мислите дека можете да поминете во еден ден, колку често ќе треба да застанувате за да наполните бензин или да се одморите,и потоа додадете малку време во случај рабоите да не се одвиваат како што сакате.

На нашето патување во Аризона, го возев мојот Bonneville и знаев дека можам да поминам 400 до 500 километри на ден, но после 150 километри навистина почна да ми станува непријатно. Кога Вес и јас возевме до Невада, бев загрижен бидејќи моравме да поминеме 500 километри, но немав избор. Ќе можев да извозам 160 километри одеднаш доколку резервоарот за гориво ми го дозволеше тоа. Кога возевме до Сиетл, знаев дека ќе треба да возам 650км по пат со кривини или 1000км на прав пат и дека ќе извозам 240 до 290 километри пред да застанам за одмор.

Откако ќе ја изберам дестинацијата, сакам возењето да го поделам на еднакви делови во однос на тоа колку денови имам издвоено за патување, и потоа да најдам места на кој би било интересно да се запре. Потоа би сакал да видам на кои места би било добро да се запре навечер. Секогаш мора да додадете повеќе време во случај да се изгубите, снемате пари или едноставно се задржите повеќе од очекуваното.

На патот кон Аризона, Salton Sea беше малку надвор од патот, но имаше интересни работи кои можеа да се направат таму. Дрвото Џошуа беше уште една опција. Слично како и на моето патување до Сиетл, го планирав моето возење низ области кои беа интересни за застанување.

Втор чекор: Сместување

Прво нешто што треба да одлучите кога размислувате за сместување е дали сакате да спиете во шатор, кај некои пријатели или во мотел. Убаво размислете за вашата возачка за подолго патување, но за пократко патување не вреди да се носи целата опрема.

Без разлика кој правец ќе го изберете, следното нешто што треба да го направите е да поминете малку време на Google, Yelp, Expedia и Advrider. Во зависност од кој период во годината патувате, работи како базени, клима, греалки или други погодности ќе ви станат повеќе или помалку важни во зависност од она што го сакате. Истото правило важи и кога барате места за кампување или работи што би сакале да ги видите. Побарајте колку чини место во камп или колку пари е влезот во национален парк.

На нашето патување до Аризона спиевме во камп и во мотел. Поминав едно попладне барајќи мотел во близина на Salton Sea. Две работи ми беа важни: базен и цена. Сите бевме прилично сиромашни но знаевме дека сакаме да го завршиме првиот ден од патувањето во кревет. Второто попладне го поминав читајќи за искуствата кои ги имале други луѓе во камповите во близина на дрвото Џошуа (северниот дел од паркот е подобар од јужниот) , се обидов да дознаам каде да купам карти, кое време треба да бидеме таму и кои правила треба да ги почитуваме кога ќе бидеме таму. За патувањето во Сиетл, повеќе се фокусирав на временската прогноза бидејќи знаев дека ќе биде влажно на некои места.

Трет чекор: Бензин и други застанувања

Ова е уште еден дел кој треба да го земете во предвид. Вие или членовите на вашата група можеби ќе треба да застанат да наполнат бензин или да се одморат. Ќе треба да пронајдете места кои се на вашиот пат. Доколку патувате на пусти места, Google можеби нема да знае дали бензинските станици се воопшто отворени. Доколку некој патува со помал резервоар, секогаш треба да планирате однапред. Носењето на резервна туба со гориво е паметна идеја, доколку имате каде да ја ставите.

На патувањето до Аризона, моравме да планираме и за нашиот пријател. Неговиот резервоар беше добар за 130 до 150км, а мојот грб беше во ред за 100 до 120км. Се уклучив на интернет за да проверам дали сите бензински пумпи на нашиот пат работат. Додека патувавме, дознавме дека една од нив веќе не постои и едвај стигнавме до следната бензинска пумпа.

Доколку и вие сте како мене, веројатно ќе сакате да погледнете каде можете да наполните гориво за вашето тело. Помнав многу време читајќи препораки за различни ресторани и барови кои се во близина на нашата дестинација. Доколку му верувате на некој ресторан што ќе го најдете на патот, тогаш овој дел не е неопходен. Но нас тоа ни даде подобро и поцелосно искуство од местата кои ги посетивме.

Четврти чекор: Мапи и патишта

Послениот чекор е да ги вметнете сите овие локации во мапата. Мене најмногу ми се допаѓа Google maps, но сигурен сум дека и другите интернет страни се добри. Мојот прв чекор е притискањето на “get directions” и внесувањето на адресата од каде што тргнуваме. После тоа само ги внесувам адресите на кои мислам да застанам се додека моето патување не биде испишано како една голема рута. Така ќе можам да видам дали има некои патишта или рути кои ми се чинат интересни. Кога ќе завршам ја печатам мапата и правам копии за сите членови на тимот.

Извор: Adventure Rider Magazine

Back To Top