Корисни текстови

Моторџиски тетоважи: Изразување и симболика

Исто како што повеќето моторџии сметаат дека нивните мотори треба да бидат ремек дело, многумина од нив сметаат и дека нивните тела се празни платна кои нудат можност за индивидуално изразување.

Следете нè на:

 

Исто како што повеќето моторџии сметаат дека нивните мотори треба да бидат ремек дело, многумина од нив сметаат и дека нивните тела се празни платна кои нудат можност за индивидуално изразување.

Тргувајќи од тоа, честопати се сретнуваат моторџии кои се прекриени со тетоважи. Во продолжение на значењето на тетоважата како индивидуално изразување, моторџиските тетоважи се со одредена симболика или означуваат припрадност на мото клуб или организација.

 

Индивидуалност и осет за стил

Моторџиската тетоважа едноставно може да означува изразување на некој став. Во овој случак само небото е граница кога се работи за дизајн од кој моторџијата може да одбере. Во секој случај на запад постојат неколку слики и дизајни кои најчесто се користат од моторџиите.

Веројатно најпопуларна слика која ја одбираат моторџиите кои се тетовираат е скелет (костурска глава). Кај овој дизајн постојат многу варијации и додатоци (пламен, црвени очи, бодликава жица или змија итн.) Скелетот на тетоважите честопати е пратен од натпис над или под него, а понекогаш натписот поминува и врз скелетот. На натписот најчесто се испишува име на личност или специфична марка или модел на мотор.

Бидејќи самото возење на мотор се поврзува со здобивање на чувство за слобода, воопшто не е изненадување што честопати птиците (најчесто орел) се дел од моторџиските тетоважи. Во Америка значењето на орелот е слобода и независнот, а тетоважата на оваа птица има за цел да ја пренесе истата порака.

Се разбира дека и слика од мотор е популарен избор за моторџиска тетоважа. Тетоважата може да биде едноставна слика од моторот или пак да содржи пламен, крила или други декорации кои треба само да ја дополнат сликата. Во последно време се сретнуваат и трајбл тетоважи од мотори кои изгледаат одлично и се одличен избор за тетоважа.

 

Испраќање на порака преку моторџиска тетоважа

Моторџиските тетоважи можат да пренесуваат одредена порака односно да бидат знак за припадност на одредена организација. Кога станува збор за моторџиски тетоважи во светот, Harley Davidson веројатно е моторот кој им поминува низ мислите на сите луѓе. Постојат буквално стотици варијанти на Harley Davidson тетоважите, а можат да се сретнат како времени или трајни тетоважи.

Независно од дизајнот на Харли тетоважата, името на компанијата најчесто се наоѓа во каков и да е облик, а најчесто се сретнува со фразата „Live to Ride“.

Членовите на мото клубовите, како што се Hell’s Angels, Bandidos, и Pagan, исто така се тетовираат, но нивните тетоважи го означуваат членството во клубот или пак статусот кој го има моторџијата во тој клуб.

Пример за ова се членовите на Hell’s Angels кои задолжително го тетовираат грбот на клубот.

Членовите пак на Bandidos го имаат истетовирано знакот 1%. Ова произлегува од фактот што клубот се декларира дека припаѓа во оние „еден процент“. Овој термин доаѓа од изјавата на АМА (American Motorcycle Association), во која стои дека 99% од моторџиите се добри луѓе, а само 1% се одметници. Затоа сите кои го носат знакот „1%“ како тетоважа гордо се декларираат дека се дел од оние 1%, што одлично им прилега на мотото на членовите на Bandidos - „We are the people our parents warned us about.“

Членовите на Pagans честопати тетовираат слики во црвена, бела и сина боја (нивните бои), или пак грбот на клубот.

Моторџиските тетоважи се секогаш популарни исто како и самото возење мотор, но сепак размислете добро пред да се решите да се тетовирате. Вадењето или поправање на тетоважа може да биде многу болен и долготраен процес.

Би можело да ве интересира

Крузер линијата на Honda доби уште еден специјален модел за сезоната која престои. Станува збор за 2019 Honda Fury кој ќе се издвои од останатите модели по својот храбар дизајн и ретро изглед.

Без никакво сомневање, Италија би можела да се нарече центар на дизајнерските студија од целиот свет. Ајде одблизу да ја разгледаме Италијанската дизајнерска сцена на мотоцикли.

Гран При комисијата ги одложи до јуни задолжителните хомологациски правила за кацигите.

Во изминативе две години бевме малку изгубени, но сега знаеме по кој правец да се движиме и имаме поголем оптимизам – Валентино Роси.

Кал Кратчлоу вели дека воопшто не чувствува болка во зглобот кога е на мотоциклот но кога ќе се симне од него е друга приказна.

Новите надворешни додатоци на Yamaha и Ducati добија одобрување, вели техничкиот директор на MotoGP, Дени Олдриџ.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.