Научниците со помош на новите истражувања на цел еден тим предводен од Џон Хопкинс, дојдоа до сознание дека кацигата не само што не заштитува од сериозни повреди на главата и мозокот при удар, туку го намалува ризикот од здобивање посериозна повреда на ‘рбетот.

Она што ги довело до овие сознанија е почетната идеја, а тоа е разоткривањето на митот кој наводно вели дека носењето на кацига може да ви наштети при судар, изјави Адил Хаидер професор по хирургија на Универзитетот по Медицина.

Ослонувајќи се на новите сознанија, не постои некоја причина за оправудување доколку немате кацига и бидете сопрен од полицијата. Не постои дебата и докази дека носењето кацига е штетно, напротив ве заштитува од тешки повреди па дури и она најлошото смртта. И за голема среќа еве имаме уште една доволно добра причина да носите кацига, а тоа фактот дека таа го намалува ризикот за сериозна повредна на ’рбетот.

Повеќе од 2 декади постојат активисти кои се противат на носењето на стандардната и универзална кацига, со изговор дека при судар тежината на кацигата може да наштети поради инерцијата и го повреди вратот и шанса да возачот се здобие со смртна повреда. Но, резултатите покажаа нешто сосема друго, односно оние возачи кои носат кацига за 22% проценти помалку имаат шанса да се здобијат со повреда на вратот и рбетот, отколку оние без кацига. Овој доказ е заклучен според истражувањето на дури 40 000 судари со моторцикли во периодот од 2004 до 2008 година.

Хаидер вели дека оние возачи кој се противат да носат кацига се ослонуваат на истражување кое е старо цели 25 години. Тоа истражување е искритикувано од многу асоцијации како што е NHTSA (National Highway Traffic Safety Administration, светска асоцијација која е задолжена за безбедноста на патиштата) и многу други.  Она што сакам да го напоменам е дека пред 25 години технологијата на изработка на кацигите била многу примитивна, денес кацигите се лесни, се изработуваат од висококвалитетни и издржливи материјали кои заштитуваат од голем број повреди по главата и мозокот. Нема никаква потреба да го напоменуваме повторно тоа примитивно истражување старо 25 години.

Back To Top