Корисни текстови

Ова старо видео ни покажува дека работите не се премногу сменети

Постарите возачи сигурно го знаат ова кратко видео, но помладите можеби ќе се изненадат кога ќе го видат. Зошто? Затоа што ни покажува дека возењето мотоцикл и ризиците кои ги носи со себе не се промениле многу во изминативе 40 години.

Следете нè на:

 

Постарите возачи сигурно го знаат ова кратко видео, но помладите можеби ќе се изненадат кога ќе го видат. Зошто? Затоа што ни покажува дека возењето мотоцикл и ризиците кои ги носи со себе не се промениле многу во изминативе 40 години.

Доколку доживеете судир со стар автомобил при брзина од 70 километри на час, голема е веројатноста дека ќе загинете. Доколку ви се случи истото со нов, модерен автомобил, шансите да немате никаква повреда се значително поголеми. Ова покажува колкава е само промената во светот на автомобилите.

vintage instructional riding video 1

Но, кога станува збор за мотоциклите, безбедносните промени се многу помали. Целата безбедност кај мотоциклите сега се врти околу тракцијата, ABS сопирачките, подобрата опрема за возење. Тоа ни покажува дека возачот се уште е главниот фактор.

Тоа и возачите кои се околу вас. Можеби си мислите дека возачите денеска се преокупирани со своите телефони и не ги забележуваат мотоциклите. Пред 40 години, работите беа речиси исти.

Иако мотоциклите беа популарни тогаш, возачите на автомобили не беа навикнати да ги гледаат на патиштата. И бидејќи се помали од автомобилите, потешко беше да се забележат.

Да не заборавиме дека зборуваме за период во кој автомобилите имаа само еден ретровизор. Сега има автомобили кои ве предупредуваат ако има нешто во ваша близина но и покрај тоа се случуваат несреќи.

После сите овие години на напредок, единствениот од кого зависат сите работи сте вие, возачот. Морате да бидете повнимателен од останатите возачи доколку сакате да бидете безбеден.

Тоа се постигнува со тренинг и пракса. Во авто школата ќе научите како да возите, но тоа е само еден дел. Нема училиште кое може да ве подготви за работите кои ќе ви се случуваат секојдневно.

Се зависи од вас. Постојано вежбајте ја вашате техника на возење. Внимателно гледајте што се случува пред нас на патот но не заборавајте да погледнете и позади вас.  

Би можело да ве интересира

Ducati тестираат замена за 959 Panigale и неговиот v-twin мотор.

„Секој викенд учиме нешто ново. Наскоро ќе бидеме подобри“  - Хорхе Лоренцо

Дали би купиле Кинески скутер од Австриска компанија кој го има знакот на Ducati?

Пред еден месец пишувавме за тоа како Kawasaki планира да му одговори на Ducati Panigale V4 R кој во моментов доминира во Светскиот Супербајк шампионат.

Алекс Маркез ја прекина лошата серија во Moto2 класата и успеа да стигне до победа на трката која се возеше на патеката во Ле Ман.

Марк Маркез дојде до убедлива победа на трката која се возеше во Франција. На второ и трето место заврши двоецот на Ducati, Андреа Довициозо и Данило Петручи.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.