Корисни текстови

Паркирањето на мотоциклите ќе биде бесплатно!

motori nema-parkingПочитувани членови на мотори.ком.мк, љубители на мотоциклите, на наше огромно задоволство Ве известуваме дека барањето за ревидирање на одлуката за наплата на паркингот за мотоцикли во Општина Центар е усвоена!

Следете нè на:

 

nema-parking

Почитувани членови на мотори.ком.мк, љубители на мотоциклите, на наше огромно задоволство Ве известуваме дека барањето за ревидирање на одлуката за наплата на паркингот за мотоцикли во Општина Центар е усвоена!

На денешниот состанок со директорката на ЈП „Паркинзи Општина Центар“, г-ѓа Маргарита Бакев и беа образложени причините зошто треба да се промени одлуката и на наше задоволство предлогот беше прифатен. Надлежните излегоа со разбирање за потребите на мотоциклистите, па бидејќи барањето е усвоено утрешниот протест се откажува.

Од Септември на територијата на Општина Центар ќе бидат одбележани посебни паркинзи за мотоцикли на кои паркирањето ќе биде бесплатно. Наша обврска ќе биде секако да ги користиме паркинзите и да не ги паркираме моторите каде ќе ни текне, посебно не на зелените површини или пешачките зони.

 

Би можело да ве интересира

МотоГП тимот на Дукати денеска официјално го претстави Desmosedici GP19.

„Во моментов ми се случуваат навистина убави работи. Треба само да продолжам да работам. Како стареам така чувствувам дека станувам се подобар“ – Џек Милер

Австралиецот Тоби Прајс победи на Релито Дакар 2019. 31 годишниот возач ги надмина сите очекувања откако целото рели го возеше со повреда на раката. Ова е втора победа на Дакар за Прајс откако истото му успеа и во 2016 година.  Во 2017 година ја скрши ногата на четвртата етапа а минатата година заврши на второто место.

Зимскиот период е одличен за планирање и подготовка за сезоната која следува, така е и со нашите натпреварувачи на меѓународните трки, а првиот од нив со кого разговараме за идните планови е Слободан Ивчески - Цобо (МК Сакамото).

Макпетрол во својот салон за мотоцикли и мото опрема ги донесе новите модели на јакни од програмата на Spyke.

Сега откако пред-сезонските програми веќе се финализирани и се знаат целите за сезоната 2019, разгледавме што му е потребно на секој тим во сезоната која претстои. За време на заедничката прес конференција на сите тимски менаџери, секој од шефовите на екипите откри какви им се приоритетите во текот на зимските тестови.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.