Корисни текстови

Поминување низ кривина

2461856406_f5f00c25a6_b111111.jpg

 Се возиш по пат и приоѓаш на кривина, но имаш некое чувство дека си влегол во кривината пребрзо и дека нема да успееш да поминеш. Твојата траекторија низ кривината оди во правец на дрвото кое се наоѓа на надворешниот страна на кривината. Што би требало да направиш? Да закочиш? Да одземеш гас? Да скокнеш од моторот? Еве неколку совети....

 

Следете нè на:

 

Се возиш по пат и приоѓаш на кривина, но имаш некое чувство дека си влегол во кривината пребрзо и дека нема да успееш да поминеш. Твојата траекторија низ кривината оди во правец на дрвото кое се наоѓа на надворешниот страна на кривината. Што би требало да направиш? Да закочиш? Да одземеш гас? Да скокнеш од моторот? Еве неколку совети....

Верувале или не голем број на искусни моторџии би се нашле во невоља. Почетниците возачи кога поминуваат низ кривина инстиктивно ќе го погледнат дрвото, оградата или знакот покрај патот (вкочанет поглед). Кога гледате во тие објекти покрај патот многу често се причинува дека приоѓате/поминувате низ кривината пребрзо, што се завршува со паника кај моторџиите.

krivina2.gif

Слика 3.1 - Вкочанетиот поглед на дрвото на ивицата на патот автоматски го наведува патувањето на моторот директно во дрвото. Повеќето нови возачи не сваќаат дека  траекторијата на возилото е токму онаму каде што гледаш односно - гледај во дрвото и ќе удриш во дрвото. Ако возачот ја сврти главата и ја испрати кривината со погледот, моторот ќе го прати неговиот поглед и ќе ја помине кривината без никакви проблеми. Единствената работа што не смее да се направи откако си легнал во кривина е наглата промена на брзината. Со ова може да се изгуби рамнотежата и да дојде до губење на допирот помеѓу тркалото и асфалтот. Повеќето моторџии можат да забрзаат, свртат и застанат многу брзо и добро. Но не е добро да се прават две или повеќе работи во ист момент.

 

Втората работа е што неискусните возачи немаат осет колку моторот може да легне во кривина пред да се преврти и падне на страна. Ако некогаш сте гледале трки на мотори тогаш веројатно имате некоја претстава за ова. Јас велам дека моторот може да легне во кривина колку што е потребно да оклопот или централната ногарка (потпирачот) не застругаат по асфалтот. Секако зависи и од квалитетот и видот на гумите и коефициентот на триење меѓу гумата и подлогата. Нормално е дека чист асфалт овозможува подобар коефициент отколку влажен, фарбан или прашлив.

krivina3.gif

Уште една грешка на новите возачи е што поминуваат низ кривините премногу доближени до внатрешната ивица на патот. Кога вртат порано може да има неколку неповолни околности - Слика 3.2 покажува како возачот очекува некои неизвесни околности. Важно е и што видикот на возачот е засметан и од дрвото. Тој не може да примети масло, чакал, парче камионска гума или автомобил кој од спротивен правец ја сече кривината. Следен проблем - возачот кој прерано влегува во кривина ќе мора да излезе од истата широко.

Слика 3.3 ни покажува најсигурен начин за поминување низ кривина. Посветете внимание како возачот влегува во кривината малку подоцна што му овозможува подобар преглед на кривината пред него. Возачот е тогаш во можност да ги избегне сите препреки како масло, чакал и камен или автомобили кои доаѓаат од спротивен правец затоа што има подобар поглед на целата ситуација и кривина пред себе. Воедно вака излегува подоцна и потесно до десната ивица на патот.

krivina4.gif

Александар Целески
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Би можело да ве интересира

Веќе долги години Suzuki работи напорно од своето седиште во Хамамацу.

„ Во суштина, ние се уште имаме проблеми со тракцијата и со максималната брзина. Ова е главното нешто кое ни недостасува во споредба со останатите “ - Франко Морбидели

Викендов на патеката во Серез, Грција, започнува БМУ Европскиот и Македонскиот шампионат во брзински мотоциклизам.

Стартуваше новата MotoGP сезона. Минатата недела имавме навистина возбудлива трка во Катар. Новата MotoGP трка ни носи и нов Motul Суперфан.

Андреа Довициозо не сака да му посвети големо внимание на резултатот од првите три трки од новата сезона. Од она што можевме да го видиме во Катар, мотоциклите на Ducati беа најбавни во свиоците.

Хорхе Лоренцо верува дека наскоро ќе може да го покаже целосниот потенцијал откако имаше слаб настап за време на дебитанската трка во новиот тим.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.