Според најновото истражување кое доаѓа од САД, возачите постари од 50 години имаат три пати поголеми шанси да завршат во болница после судар отколку помладите возачи.
Во извештајот се анализирани податоци од периодот помеѓу 2001 и 2008 година и во него биле собрани информации од преку 100 болници кои имаат ургентен оддел. Преку 1.5 милиони мотоциклистички несреќи биле забележани во овој период.
Мотоциклистите постари од 50 години имаат три пати поголеми шанси да завршат во болница, а 2,5 пати поголеми шанси да се здобијат со посериозни повреди во споредба со групата на возраст од 20 до 30 години.
Авторите на студијата велат дека времето потребно да се реагира и слабиот вид се главните фактори против постарите возачи, додека големиот степен на повреди може да се должи на намалената сила на коските.