Корисни текстови

Во последните три години загинале 34, а повредени биле 1709 мотоциклисти

thumb_nesrekja-motorБројките од Еропските извештаи за безбедност во сообраќајот говорат дека патиштата во земјава се далеку од безбедни, а Македонија е единствената во Европа каде што бројот на жртви од сообраќајни незгоди, од година на година наместо да се намалува, постојано се зголемува..

Следете нè на:

 

nesrekja-motor

Бројките од Еропските извештаи за безбедност во сообраќајот говорат дека патиштата во земјава се далеку од безбедни, а Македонија е единствената во Европа каде што бројот на жртви од сообраќајни незгоди, од година на година наместо да се намалува, постојано се зголемува. Бројките од овие извештаи ги вклучуваат сите моторни возила, а ние ја издвоивме статистиката за она што нам не интересира, моторите.

Во текот на 2009 година, поради грешки на возачи на моторцикли се случиле вкупно 300 сообраќајни незгоди, најчесто поради управување на моторцикл со поголема брзина од дозволената - 107 незгоди.
Во текот на 2010 година, поради грешки на возачи на моторцикли се случиле 271 сообраќајна незгода и тоа најчесто поради управување на моторцикл со поголема брзина од дозволената - 94 незгоди.

Во текот на 2011 година поради грешка на возачи на моторцикли се случиле 274 сообраќајни незгоди, најчесто поради управување на моторцикл со поголема брзина од дозволената – 82 незгоди.

Сепак дека не се само моторџиите виновни, говорат и следните бројки, имено во текот на 2009 година настрадале 519 возачи на моторцикли (девет лица загинале, а  510 се повредени) и 129 патници на моторцикли (едно лице загинало а 128 се повредени). Во текот на 2010 година настрадале 456 возачи на моторцикли (11 лица загинале, а 445 се повредени) и 112 патници на моторцикли (едно лице загинало, а 111 се повредени) и во сообраќајните незгоди случени во текот на 2011 година настрадале 431 возач на моторцикли (11 лица загинале, а 420 се повредени) , додека 95 патници на моторцикли се здобиле само со повреди.

Возачи Загинати Повредени Вкупно
2009 9 510 519
2010 11 445 456
2011 11 420 431
Вкупно 31 1375
Со-возачи Загинати Повредени Вкупно
2009 1 128 129
2010 1 111 112
2011 1 94 95
Вкупно 3 334

Според статистиката за бројот на мотоцикли кои се возат во државава, произлегува дека годишно 7-8% од возачите на моторцикли се вклучени во сообраќајни незгоди! Со цел да се зголеми свесноста за ризиците од возењето и да се намали бројот на повредени и загинати моторџии на порталов ќе започне реализација на проект наречен „Грешката чини живот“. Повеќе детали за проектот следуваат наскоро, а вие пред да ја навртите рачката за гас сетете се на бројките од табелите, возете внимателно, немојте да бидете статистика.

Напомена: Да не се копира и објавува на други веб сајтови без дозвола!

Би можело да ве интересира

Новиот возач на Repsol Honda ќе го пропушти првиот тест од сезоната 2019 поради операција на раката

Имавме разговори со Педроса. Бевме многу блиску до договор - Разлан Разали, извршен директор на Sepang

Пол Еспаргаро има само една цел во текот на зимската пауза: Да оздрави.

На два дена пред официјалното претставување на MotoGP тимот на Honda, Хорхе Лоренцо ќе мора да оди на операција

За Аргентинецот, Николас Кавиглиасо, релито Дакар 2019 беше само второ учество на овој настан. Но и покрај тоа, тој доминираше на поголем дел од трката и со неговата Yamaha YFZ-400 успеа да стигне до првата позиција.

МотоГП тимот на Дукати денеска официјално го претстави Desmosedici GP19.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.