Она што го прави YEC-8 подобар од останатите е тоа што полначот постојано го ангажира акумулаторот, го полни, го остава да се подиспразни па повторно го полни.

 Yamaha го претстави својот паметен полнач за акумулатори на мотоцикли кон крајот на 2009-та година, за во изминатите години полначот да стане препознатлив низ целиот свет како идеално решение за зачувување на акумулаторот.

1

Она што го прави YEC-8 подобар од останатите е тоа што полначот постојано го ангажира акумулаторот, го полни, го остава да се подиспразни па повторно го полни. Ова е постигнато благодарение на комплексните алгоритми кои се дел од полначот, а се изработени во партнерство со „CTEK“. Целта на симулираната работа е да не се остави акумулаторот под постојан напон што кај некои акумулатори може да доведе до расипување.

2

YEC-8 доаѓа во пакет со клеми кои се монтираат на самиот акумулатор, но и кабли кои можете да ги ставите на постоечките штрафови доколку полните друго возило.

4

Клемите или „Comfort Connector“ како што се нарекуваат ќе ви овозможат на едноставен начин да го полните акумулаторот. Еден дел од конекторот осанува постојано врзан на акумулаторот на моторот, а другиот го вклучувате по потреба, без притоа да го расклопувате моторот секојпат кога ќе треба да го полните.

5

Идеален е за зимно време кога повеќето од нас ги чуваат моторите во гаража, па наместо да ги палиме моторите секојдневно за да го зачуваме акумулаторот, или да го носиме со себе, доволно е само да го вклучиме YEC-8 во струја.

7

Полначот има заштита од краток спој, нагла промена на напонот па дури и од погрешно врзување на клемите, а во пакувањето ќе најдете и одлична торбичка во која ќе можете да ги чувате сите кабли и самиот полнач.

3

YEC-8 можете да го купите во салонот на Мото Азуро во Скопје по цена од 4.500 денари, а неговиот поголем брат YEC-40 (кој се користи за полнење и на поголеми акумулатори) чини 6.100 денари.

Back To Top