Ланецот на мотоциклот бара вниматено подмачкување и прилагодување на секои 1000 километри. Две едноставни но неопходни операции.

Ланецот е правилно наместен кога неговата вертикална мобилност е помеѓу 15 и 25 милиметри на најцентралната позиција меѓу крајниот дел на менувачот и ѕвездата на задното тркало. Направете ја оваа проверка на задниот дел (предниот дел генерално е заштитен). Исто така проверете дали тркалото е прецизно наместено. Знаците на двете страни од задната вилушка мора да бидат на исто ниво. Ако можете да го кренете ланецот повеќе од 2,5цм тогаш тој е лабав и мора да се затегне.  За да го направите тоа, не ви треба многу алат. Одберете рамна површина и поткренете го мотоциклот.

zategnuvanje na lanec motor

1. Олабавете ја задната оска (без да ја извадите навртката) и стегите за да можете да го движите тркалото.

2. Прилагодете ги стегите истовремено и од двете страни. Потоа проверете дали тркалото е прецизно наместено.

3.  Затегнете ги навртките, затегнете ја задната оска и повторно проверете дали тркалото е прецизно наместено бидејќи може да се помести за време на овие две операции.

4.  Подмачкајте го ланецот со масло за подмачкување и испрскајте го ланецот и на внатрешната страна. Проверете дали е секаде подеднакво подмачкано и проверете дали има остатоци од маслото на шарата на гумата или на сопирачките.

Kette einsprühen u. einwirken lassen

Зошто одреден вид на масло?

Маслото за ланец е производ кој мора да исполнува одредени предуслови. Мора да е доволно течен за да помине низ сите делови на ланецот, а исто така мора да ги издржи и големиот број на ротации. Но најважно е дека мора да биде отпорен на вода. Маслата за подмачкување доаѓаат во идеално пакетче со аеросол и со посебен спреј со кој се спречува случајно да не се подмачкаат и други делови. Motul нуди три различни лубриканти за ланец како и една паста. Доколку сакате да го исчистите ланецот, немојте да користите премногу агресивни производи како што е бензинот, бидејќи тој може да го оштети ланецот. „Chain Clean“ производот на Motul е специјално направен за оваа намена.

Подмачкувањето на ланецот се прави откако ќе го исчистите и ќе завршите со возењето, не го подмачкувајте ланецот доколку планирате веднаш да возите, препорачано е да почекате барем неколку часа по подмачкувањето.

Офроуд мотоциклите се посебен случај

Кај офроуд мотоциклите, поради суспензијата, работите стојат поинаку. Таму дури е и добро ланецот да биде малку лабав.  Може да биде дури и 30 до 40 милиметри. Сепак, возењето на поинаков терен не значи дека не треба да се подмачкува ланецот, туку тоа бара само посебен производ за таа намена каков што е Motul Chain Lube Off Road.

Back To Top