За многумина возењето на мотоцикл е поопасно отколку да управуваш со автомобил, но дали е тоа навистина така?

Многумина претпоставуваат дека возењето мотоцикл е многу поопасно отколку возењето на автомобил. Перцепцијата во однос на мотоциклистите е поткрепена со предрасуди и лични искуства. Во следниве неколку реченици ќе кажам нешто повеќе во однос на тие предрасуди.

Предрасуди во однос на безбедноста

Една од најголемите причини зошто мотоциклите имаат така лоша репутација е поради сериозноста на повредите при сообраќајни незгоди.

Мотоциклите можеби изгледаат како многу поопасни возила отколку автомобилите. Во случај на незгода, возачот и сопатникот во автомобил може да поминат без никаков проблем благодарение на воздушните перничиња и безбедносните каиши.

При судар со мотоцикл, возачот би можел да заврши во болница дури иако сударот е мал.

Но, за вистинска безбедност, важна е подготвеноста на возилото да го избегне сударот.  Во овој случај, мотоциклите се во предност. Мотоциклистите се многу повнимателни кога возат за разлика од возачите во автомобил кои мислат дека самиот автомобил им нуди заштита.

Еве ги главните причини зошто мотоциклите се побезбедни од автомобилите:

Подобар поглед

Мотоциклистите имаат подобар преглед на патот отколку возачите  на автомобили. Тоа им помога порано да ги видат пречките на патот и да можат навреме да реагираат. Едноставно вртење на главата ќе им даде целосен преглед на околината.

Повеќе можности за маневрирање

Поради големината, мотоциклот може полесно да се управува од автомобил. Не зафаќа голем простор, а доколку наидете на гужва во сообраќајот, со мотоцикл многу лесно ќе можете да поминете покрај автомобилите.

Нема чувство на лажна безбедност

Во автомобил, се појавува чувството дека сте безбедни. Каросеријата на автомобилот заедно со сите останати безбедносни уреди може да направат возачите да се опуштат. Од друга страна, мотоциклистите се свесни за тоа колку се ранливи додека возат и поради тоа дејствуваат соодветно.

Поголем фокус и свест за околината

Мотоциклистите се пофокусирани од возачите на автомобилите. Во автомобил, вие сте одвоени од надворешниот свет. На мотоцикл, патот е веднаш под вас, ветрот ви дува во лице и вие сте присутни во секој момент.

На возачите на автомобил, многу работи можат да им го одвлечат вниманието. На пример, јадење и пиење додека возите, разговор со другите лица во автомобилот, користење на мобилен телефон. Главна причина за несреќите е невнимателноста додека се вози.

Дали поголемо е навистина и подобро?

Се чини дека возењето на големо, силно возило е синоним за безбедност. Доколку е тоа така, тогаш мотоциклистите немаат никаква шанса. Но дали е тоа вистинскиот пристап за безбедност.

Мотоциклите се главно средство за превоз во многу земји. Мажи и жени, стари и млади секојдневно возат мотоцикли во Италија, Нов Зеланд и Малезија. Во овие земји, главен репер не е големината на возилото. Возачите внимаваат на безбедноста со тоа што ги забележуваат ризиците и препреките на патот.

Несреќите во кои се вклучени мотоцикли може да прикажат колку само тие можат да бидат опасни, но тоа не значи дека тие не се безбедни превозни средства. Всушност, во однос на можноста да се избегнат неесреќи, мотоциклите се многу подобри од автомобилите. Имајќи го тоа на ум, мотоциклите се и побезбедни од автомобилите.

Back To Top