Борче Костов - Жолт, Јове Стојков - Јовтиќ, Мирче Ќорнаков, Васко Киров, Саше Трајков, Борис Мојсовски, Никола Дабиќ, Николче Тодоров - Мајорот, Илија Минев, Јован Јовановски и Ангел Ристов се натпреварувачите кои оваа сезона ќе носат бодови за МК Ноќни Волци.

mx janica eec 35

Борче Костов - Жолт, Јове Стојков - Јовтиќ, Мирче Ќорнаков, Васко Киров, Саше Трајков, Борис Мојсовски, Никола Дабиќ, Николче Тодоров - Мајорот, Илија Минев, Јован Јовановски и Ангел Ристов се натпреварувачите кои оваа сезона ќе носат бодови за МК Ноќни Волци.

Нај популарниот мото клуб во земјава од оваа сезона под своја закрила зема 11 мотокрос возачи кои ќе настапат на домашните шампионати, но и во мотокрос шампионатот на Грција како и Источно Европскиот шампионат во мотокрос.

Дел од нив веќе настапија на првата трка од ИЕШ во Јаница, каде Мирче Ќорнаков и Борче Костов дојдоа до 5-та и 6-та позиција во класата MXV со прокнижани 30 бодови. Следната трка од ИЕШ се вози на патеката Бурса во Турција на 25-26 април каде повторно се очекува настап на нашите кросисти. По втората трка од ИЕШ возачите на МК Ноќни Волци на 10 мај ќе настапат и на трката од Грчкиот шампионат во мотокрос.

Благодарение на помошта од клубот и претседателот Ленин Јовановски возачите ќе имаат можност да се натпреваруваат во подобри услови, а со самото тоа и да донесат повеќе поени и пехари за МФМ од овие натпреварувања, како и да го популаризираат и подигнат нивото на мотокросот во земјава.

Во продолжение следува и календарот за трки во ИЕШ во мотокрос

МОТОКРОС
# Датум Патека Земја
Рунда 1 05 април 2015 Јаница Грција
Рунда 2 12 април 2015 Гевгелија Македонија (ОДЛОЖЕНА)
Рунда 3 26 април 2015 Бурса Турција
Рунда 4 07 јуни 2015 Крешево Босна и Херцеговина
Рунда 5 28 јуни 2015 Глобаре Србија
Рунда 6 30 август 2015 Самоков Бугарија
Рунда 7 04 октомври 2015 Тројан Бугарија
Back To Top