MK мотоциклисти на меѓународни трки

12-та позиција за Бузалковски на Панониа Ринг!

„Покрај толку проблеми, успеавме да дојдеме до 12та позиција,што е одличен резултат!“ - Христијан Бузалковски

Следете нè на:

 

„Покрај толку проблеми, успеавме да дојдеме до 12та позиција,што е одличен резултат!“ - Христијан Бузалковски

Христијан Бузалковски (71 Тим) викендов возеше две трки од Алпе Адриа Европскиот интернационален шампионат, кои што се возеа во Унгарија на патеката Панониа Ринг. Овој викен Бузо и неговиот тим не ги пратеше многу среќа, бидејќи на тренингот во четвртокот имаше пад со својот моторцикл, потоа на квалификациите во саботата повторно имаше пад, и како шлаг на торта беше стартот на првата трка во сабота, кога на последната кривина на загревачкиот круг му се дупна ладилникот на моторциклот па не ја стартуваше трката. Но сепак на крајот од викендот односно на втората трка во неделата Бузо стартуваше од 22-та позиција, но успеа да дојде до 12-та односно да напредува 10 позиции и повторно да донесе поени од Алпе Адриа шампионатот што е навистина резултат за поздрав!

buzo pobeda

Викендов навистина не одеше како што треба, но сепак на крајот успеавме да го оствариме нашиот најдобар реултат, што навистина ме радува! Проблеми имавме уште од почетокот на викендот, два пада, па проблеми со хладњакот што навистина те сведува до загрижувачка позиција, бидејќи толку проблеми во еден викенд е навистина многу. Но сепак не се откажавме, напорно работевме, во саботата го склопувавме моторот до 10:30 вечерта за да можеме утре дента да ја возиме трката! Трката ја стартувавме од 22ра позиција, од вкупно 35 возачи, многу далеку до водачката колона, меѓутоа во саботата немавме пласман па мораше така. 

Прогресирав од самиот старт,и успеав да поминам 10 возачи и да финиширам 12ти. Морам да призанаам дека можевме да се бориме и за топ 5, но овој викенд беше поразличен од другите, па затоа мораше да се задоволиме со 12та позиција! Сега се подготвуваме за следната трка која е за 15тина дена во Германија на познатата патека Ошерслебен, и повторно ќе го дадемеме максимумот и се надевам дека нема да имаме толку проблеми.

Огромна благодарност до мојот официјален спонзор Компанија Велкоски,кој цврсто стојата зад мене, секако мојот тим 71 и Мотул! - Христијан Бузалковски

Алпе Адриа шампионатот се состои од 6 трки во сезоната кои се возат на патеките Словакиа Ринг (Словачка), Асен (Холандија), Панониа Ринг (Унгарија), Ошерслебен (Германија), Гробник (Хрватска) и Мост (Чешка). Се работи за натпреварување од највисок ранг пред Светскиот шампионат во мотоциклизам (WSBK), интересот е огромен па скоро на секоја трка можете да забележите повеќе од 35 возачи во Супершток класата. За Бузалковски ова е прва сезона во која се натпреварува на овој шампионат, а по три рунди веќе има донесено бодови од две трки.

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

„Ќе си заминам како човек кој е гладен да се врати“ - Јохан Зарко

Нашите пријатели од Холандија, Nieuwsmotor, само што ни ги испратија овие фотографии а на нив може да се видат два нови модели на Harley-Davidson, авантуристичкиот Pan America и спортскиот, Streetfighter.

Викендов се вози 12-та трка од МотоГП шампионатот на патеката Силверстоун во Англија.

„Возењето на еден круг на оваа патека е исто како да патувате од едно до друго место“ – Валентино Роси.

Хорхе Лоренцо ќе се врати на патеката овој викенд и ќе настапи на трката која се вози во Силверстоун.

Доколку мислевте дека Triumph работи напорно на подготовка на новите Scrambler и Speed Twin, тогаш имаме уште неколку нови информации за вас.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Листа на мото настани

  • 24 Август 2019 - 24 Август 2019
  • Сè уште непознато
  • Прилеп

  • 31 Август 2019 - 01 Септември 2019
  • Патека Плевен
  • Долна Митрополија, Бугарија

  • 07 Септември 2019 - 09 Септември 2019
  • Република Македонија

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.