Блажевски кој настапи со Yamaha XT 660 R на крајот од 150 километри долгата патека успеа да го освои третото место во генералниот пласман од својата класа С.

Членот на Мото клубот Александар од Скопје, Деан Блажевски оствари исклучителен успех на натпреварот во екстремно ендуро Xross Challenge 2016 кој се одржа изминатиот викенд на Тара и на кој беа пријавени преку 170 натпреварувачи од 10 држави.

blazevski dejan tara1

И покрај променливото време и тешкиот терен, Блажевски кој настапи со Yamaha XT 660 R на крајот од 150 километри долгата патека успеа да го освои третото место во генералниот пласман од својата класа С. Пред него завршија само домашните натпреварувачи победникот Милош Дишковиќ и второпласираниот Никола Колев. Колев заврши само 8 секунди пред единствениот македонски претставник на третото издание на една од најголемите екстремни ендуро трки во околината.

blazevski tara

Фаворитите во класата А, легендарниот Крис Бирч (Нов Зеланд), минатогодишниот победник Миха Шпиндлер (Словенија) и Бен Хемингвеј (Велика Британија) ги изненади младиот Филип Бертл (Австрија) кој триумфираше во најпрестижната класа.

Во последен момент се одлучив да учествувам на трката и да ја претставувам Македонија на овој голем меѓународен натпревар. Немав многу време за подготовки и тренинзи со оглед на тоа што возев со позајмен мотоцикл. Иако ова ми беше дебитантски меѓународен настап, презадоволен сум од пласманот. И покрај тешката патека и временските услови успеав за околу 6 часови да ги поминам трите брзински испити и поврзувачките етапи. Неколку секунди ми фалеа да бидам втор, но тоа ќе ми биде главен мотив и догодина повторно да се појавам на стартот на оваа престижна трка. Им благодарам на моите клупски другари од МК Александар за помошта пред и во текот на натпреварот, а презадоволен сум од пречекот, организацијата и дружењето со останатите учесници помеѓу кои има врвни светски имиња – изјави Блажевски после крајот на трката.

blazevski dean tara2

Back To Top