Младите македонските мотоциклисти, браќата Лука и Андријан Ристевски викендов ќе ја претставуваат МФМ на четвртиот натпревар од  Европскиот шампионат во мотокрос кој ќе се одржи на 19 мај во Зарнешти, Романија.

Andrijan Ristevski

Младите македонските мотоциклисти, браќата Лука и Андријан Ристевски викендов ќе ја претставуваат Мотоциклистичка федерација на Македонија (МФМ) на четвртиот натпревар од  Европскиот шампионат во мотокрос кој ќе се одржи на 19 мај во Зарнешти, Романија.

Помладиот Лука ќе се обиде да го повтори успехот од „Гран При Македонија 2013“ кога го освои 8-то место помеѓу 19 натпреварувачи во класата ЕМХ65. 9-годишниот Лука настапи на 2 од досега одржани 3 натпревари и има вкупно 40 поени што се доволни за 15-то место. Во  моменталниот пласман води Томасо Бертото од Унгарија со 123 бодови. Покрај Бертото фаворити за победа се и Игор Кухарчук од Молдавија и Никола Храниќ од Хрватска.

Постариот Андријан кој настапува во класата ЕМХ85 исто така ќе се бори за пласман во топ 10. Во неговата класа најинтререн ќе биде дуелот на водечкиот двоец во генерален пласман – Кристијан Томпа од Романија и Лука Црнковиќ од Хрватска.

Инаку, натпреварот во Зарнешти покрај за Европскиот шампионат ќе се бодува и како трет натпревар во рамките на отворениот Источно-Европскиот шампионат во кој исто така се вклучени и нашите мотоциклисти.

Извор: „МФМ“

Back To Top