Христијан Бузалковски (71 Теам) е нашиот најмлад и добро познат натпреварувач во брзински моторциклизам.

Претходниот викенд тој ја возеше последната трка од БМУ Европскиот шампионат и успеа да дојде до пол позиција и до уште една победа, но овој пат на многу повозбудлив начин!

Бузо: Многу тежок пад на првите квалификации, во првиот круг. За тие што знаат што значи Хајсајд знаат за што станува збор, но за тие што не знаат да појасниме на кратко: Гумата губи грип и наеднаш фаќа и те катапултира од моторот! Е така и мене. Многу тежок пад, 5минути лежев на земја, свесен но од големи болки не можев да станам и осеќав многу силна болка во десната нога! Некако со помош на болничарите се прибрав до боксот, но ногата беше премногу отечена па мораше да ме однесат во болница за да ја снимаме! По направената снимка се установи дека ногата е многу силно удрена, но за среќа не е скршена!

Дур се враќавме од болница до бокс, пративме порака да почнат моторот да го средуваат и да се санира штетата! Се работеше на моторот повеќе од еден час, јас за тоа време одмарав, ногата врзана во ладна крпа, секако многу отечена, но нема откажување, дојдени сме за да се тркаме! Некако со помош на мојот тим го облековме оделото,чизмите едвај, бидејќи ногата не ја собираше во чизмите но некако ја “напикавме”.

73001321 766235033798671 6483451900103491584 n

Се качив на моторот со помош на тимот секако и излегов да завртам неколку кругови, чисто колку да не стартувам последен. Но некако успеав да завртам еден брз круг и да остварам пол позиција! Сите бевме среќни  и се радувавме на пол позицијата, но нешто што не ми даваше мир беше утрешниот ден, бидејќи знаев дека можзам да свртам еден брз круг, но не знаев дали ке имам ритам за цела трка.

Во неделата кога се разбудив, го пропуштив загревањето, за да не го замарам телото, бидејќи болките беа многу големи, не само во ногата туку во целото тело (левата рака,вратот,грбот,). Го чекавме стартот на трката, а до тогаш цело време гледав да одмарам за да можам да бидам што е можно по одморен за трката! Стартував убаво,и уште од самиот старт успеав да ја заземам првата позиција и да ја држам два круга, а потоа извадија црвено знаме бидејќи некој натпреварувач паднал и лежел на земјата!

Трката се рестартираше, повторно стартував убаво и неколку круга имав предност од не цела секунда, на таблата што ми ја даваат од боксот гледам дека конкурентите се позади мене, но на лап тајмерот гледам дека возам време по споро од вообичаеното, тогаш решив да го зголемам темпото, но да не одам во преголем ризик, бидејќи доколку паднам,сигурно ке имам скршеница! Тоа и го сторив успеав да направам предност и да ја завршам трката со предност од  4,8 секунди во однос на второпласираниот! Навистина бев многу среќен бидејќи не можев да форсирам но успеав да победам!

Back To Top