Викендов на патеката Аданката во Романија се возеше четвртата рунда од БМУ Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам, а младиот Христијан Бузалковски забележа уште еден одличен викенд зад себе.

Христијан Бузалковски викендов се врати од Романија со освоени две 5ти места во класата F600, и мора да признаеме дека со оглед на тренинзите кои што ги има, резултатот е и повеќе од одличен, а во класата SP125 дој дојде до уште една победа, и едно 3-то место.

35701558 10210694442149278 407319760456384512 n

„Морам да признаам дека брзо учам, и брзо се навикнувам на моторот, со оглед на тоа дека неколку трки пропуштив, и немав остварено контакт со моторот неколку месеци, задоволен сум од резултатот бидејќи за разлика од мене, моите конкуренти се во овој бизнис повеќе од 3-4 години, па затоа сум среќен и секако по мотивиран за трките што следат во иднина. Воедно мора да напоменам дека моторот ми е „присклопен“ за трка, односно нема тркачки делови како на останатите, што значи дека моторот ми е сосема стандарден, за разлика од останатите возачи на кои што моторите им се спремни за класата Супер Спорт, што мислам дека тоа не е ферски, но нели и да нема фер игра, ние повторно ќе влеземе на стаза и ќе се бориме со најјаките!“ - вели Бузалковски

35701514 10210694443709317 3780859805158080512 n

Во класата SP125 првата трка завршив 3-ти, иако од самиот старт на трката водев и направив одлична разлика, шалтерот за менување брзини ми се откачи и нешто повеќе од 2 круга се мачев за да го наместам односно вратам во првобитната состојба. Паднав на 4-тата позиција, но откако го наместив шалтерот успеав да се изборам за подиумот и да се задоволам со 3-то место. А веќе во втората трка успешно дојдов до првата позиција од самиот старт па се до крајот, што е секако одлично и сум задоволен. Следната трка е во Серес - Грција, на 7ми јули, па се надевам дека повторно ќе го дадеме максимумот и ќе го оствариме нашиот најдобар резултат! Огромна благодарност до мојот клуб Ендуро Тим Водно, мојот официјален спонзор Компанија Велкоски кои не себично ми помагаат и ме поддржуваат, и секако сите мои останати спонзори и помагатели! Ви благодарам на сите! - дополни тој за мотори.ком.мк

Back To Top