MK мотоциклисти на меѓународни трки

Четврто и петто место за Ивчески во Романија

Викендов на патеката Аданката во Романија се возеше петтата и шестата рунда од Балканскиот шампионат во брзински мотоциклизам.

Следете нè на:

 

Единствениот претставник од Македонија на Балканскиот шампионат, Слободан Ивчески - Цобо (МК Сакамото) забележа четврто и петто место на двете трки во Романија. 

Патеката Аданката во Романија беше домаќин на петтата и шестата рунда од Балканскиот шампионат во брзински мотоциклизам. МФМа имаше еден претставник кој достојно ја претстави земјава забележувајќи значајни поени во борбата за третата позиција во генералниот пласман.

cobo trka romanija1Трето место за Македонија во екипна конкуренција

Ивчески кој вози во класата F1000 во конкуренција на 20 возачи на двојната програма немаше најдобар резултат на квалификациите, но на трките успеа да го подобри пласманот. Ивчески на квалификациите беше седми, а возеше за четврто место на првата трка и петто на втората.

На првата трка која се возеше во саботата Гај Харел од Романија имаше ран старт но не доби никаква казна од организаторите па и покрај приговорот од возачите на крајот од денот резултатите беа потврдени и Ивчески остана без пласман на подиумот. На втората трка нашиот возач имаше одличен старт, дојде до втората позиција на која се задржа два круга но за жал до крајот заради потрошената гума мораше да се задоволи со петтата позиција.

cobo trka romanija3Единствениот натпреварувач од Македонија во Романија

Беше тешка трка, жешко време и непозната патека после долг пат но сепак задоволен сум од постигнатиот резултат. Жалам што организаторите не го прифатија приговорот за раниот старт на возачот од Романија иако сите знаеја што се случи причината за одбивањето на приговорот лежеше во тоа што не му сигнализираа да помине низ пит стопот за да ја одработи казната, па на крајот само го потврдија пласманот. Во секој случај беше убав викенд, Македонија се враќа со две трети места во екипна конкуренција, а јас со нови бодови во генералниот пласман. Би сакал да им се заблагодарам на спонзорите за досегашната поддршка и се надевам дека резултатите ќе ги мотивираат и останатите компании да ги помогнат македонските возачи изјави Ивчески за мотори.ком.мк

Ивчески во генералниот пласман сега има 69 поени и се наоѓа на четвртата позиција во генералниот пласман, зад третопласираниот Калојан Ангелов од Бугарија со 75 поени. Следната трка се вози на 17-ти јули во Серес (Грција), а последната трка од шампионатот се вози на патеката Долна Митрополија во Плевен (Бугарија) на 2 октомври.

Во продолжение и целото видео од трките во Романија, трката на Ивчески започнува на 2:22:00.

Би можело да ве интересира

Новата, врвна, кацигна на Nolan е прва ваква кацига на пазарот кај која можете да го извадите штитникот за брада.

Ако верувате во гласините кои се појавуваат на интернет, тогаш наскоро ќе ни пристигне нова Honda Africa Twin.

Алваро Баутиста беше најбрз на слободниот тест кој се оддржа денес.

N60-5 е нова кацига на Nolan која е наследник на N64.

Откако го пропушти тестот во Сепанг, Хорхе Лоренцо ќе се најде на патеката за тестот кој овој викенд ќе се оддржи во Катар.

Кал Кратчлоу зборува за односот меѓу намалувањето на притисокот на пневматиците и оддржувањето на предноста која ја има предниот дел на мотоциклот.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.