На првата трка од Балканскиот ендуро шампионат, кој викендов се одржа во Себис Романија, велешанецот Драган Ванов, член на МК Мото Велес го освои петтото место во Е1 јуниор  класата и 27-то  во севкупна конкуренција. Со ова тој освои 11 бода по настапот во Романија.

17758450 10203271210657661 7787354248754374554 o

Трката беше мошне тешка и напорна. Учествуваа мотористи кои имаат возено и на релито Дакар, како што е Мани Гунес кој годинава беше 17-ти.    Оваа трка беше тест за можностите ан Драган и на неговиот мотор – изјави неговиот тренер Сашко Ванов, кој заедно со Горан Тасиќ беа поддршка на оваа трка.  На овој прв настап годинава, учествувале 153 возачи од Романија, Унгарија, Словачка  а  трката била и  дел од  националниот  шампионат на Унгарија и  Романија.   Ванов  возеше со неговиот мотор  KAWASAKI KXF 250 со  специјални внатрешни гуми Michelin Bib Mousse Flat-Proof Competition Foam Tube  кои не можат да се дупнат. Од неговиот тим, најавуваат дека Драган Ванов ќе ги вози и двете преостанати трки од  Балканскиот ендуро шампионат.

17761077 10203270189032121 5201323149133942794 o

Извор: http://tirekovmirece.com

Back To Top