MK мотоциклисти на меѓународни трки

[галерија] Ивчески трет на втората трка во Романија

Втората трка која викендов се возеше на патеката во Романија му донесе уште еден подиум на Слободан Ивчески.

Следете нè на:

 

Викендов на патеката „Моторспорт Романиа“ во Аданката (Романија) се возеше втората рунда од БМУ Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам.

Македонија имаше тројца претставници во Романија, а на вчерашниот прв ден од трките беа забележани подобри резултати откако го видовме Ивчески на победничкиот пиедестал, Бузалковски на подиумот, а Спиров заврши четврти.

IMGP2665Слободан Ивчески

На патеката долга 4129 метри правецот е со должина од 960 метри но се постигнуваат помали брзини отколку на Серес. Конфигурацијата на патеката и бројните свиоци не дозволуваат да се развијат поголеми брзини, а станува збор за навистина техничка патека.

Неделните трки започнаа поинаку од предвиденото, заради временските услови квалификациите беа откажани, а на возачите им беше кажано дека ќе стартуваат според времињата кои ги имаа забележано на претходната трка. Иако до крајот на денот не заврна, возачите имаа можност да излезат на патеката за загревањето и потоа да се подготват за трката.

Во класата F1000 Слободан Ивчески (МК Сакамото) стартуваше од првата позиција, а Игор Спиров (МК Ендуро Тим - Водно) од четвртата. За жал нашите возачи не успеаа да ги задржат почетните позиции па на крајот Ивчески мораше да се задоволи со третата позиција, а Спиров со петтата.

IMGP2638Игор Спиров

Во класата SP125 Христијан Бузалковски (МК Ендуро тим - Водно) имаше послаб настап отколку на првата трка и на крајот остана без пласман на подиумот. До четвртата позиција тој дојде во конкуренција на 10 возачи.

IMGP2681Христијан Бузалковски и Милен Георгиев (Бугарија)

Нашите возачи постигнаа солидни резултати на трките во Романија каде временските услови беа далеку од идеални. До сега се извозени 4 трки од вкупно 14 колку што се предвидени според следниот распоред:

Балкански шампионат во брзински мотоциклизам 2017
Трка Датум Патека Земја
1 и 2 7-9 април Серес Грција
3 и 4 22-23 април Мотор Парк Романија
5 29-30 април Плевен Бугарија
6 и 7 20-22 мај Мотор Парк Романија
8 и 9 7-9 јули Серез Грција
10 26-27 август Плевен Бугарија
11 23-24 септември Батајница Србија
12 01-02 октомври Плевен Бугарија
13 и 14 27-29 октомври Серез Грција

Би можело да ве интересира

Не е необично кога одредена компанија со цел да привлече што е можно поголемо внимание, одлучува за време на некое мото шоу да претстави мотоцикл кој се базира на некој иден модел. Но R18 "Departed" кој го видовме за време на мото шоуто во Јокохама има уникатен 1800cc мотор.

„После 20 години прекинува прозиводството на големиот мотоцикл на Suzuki“

„Новиот фабрички возач на КТМ, Јохан Зарко, нема да се обиде да го копира агресивниот стил на возење на Пол Еспаргаро“

„Детали за 41-то издание на најпознатата трка на издржливост во светот“

Белгијците и нивното чоколадо едноставно не можат да бидат разделени, а тоа особено важи за Белгискиот MotoGP возач и иден Moto-E натпреварувач, Хавиер Симеон. Го посетивме во неговата продавница за чоколади за да го прашаме како успева да му одолее на искушението.

„Дани Педроса ќе го има своето деби со KTM RC16 на тестот кој ќе се оддржи во Херез кон крајот на месецов“

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.