Слободан Ивчески - Цобо го заврши годинешниот настап на Источно Европскиот шампионат во супермото на седмата позиција.
Слободан Ивчески - Цобо го заврши годинешниот настап на Источно Европскиот шампионат во супермото на седмата позиција.
Цобо кој се натпреваруваше во класата „S Open“ во конкуренција на 11 возачи по крајот на шампионатот ја завзема седмата позиција. Ивчески настапи на четири од вкупно шест трки колку што се возеа во шампионатот, при што освои вкупно 56 бода.
Ивчески беше единствениот македонец кој се натпреваруваше оваа сезона во супермото шампионатот на Источна Европа. Минатата година тој настапуваше и на трките од Европскиот шампионат кои се одржуваа во Бугарија и притоа го освои четвртото место во генералниот пласман, со само 6 бода заостанување зад третопласираниот Сорин Траистару од Романија.
Проблемите со мотоциклот кои го следеа во текот на сезоната, како и немањето на спонзори кои ќе го поддржат во нови успеси се главните причини за послабиот резултат оваа година. За следната сезона Ивчески најавува битка на два фронта. Тој ќе продолжи со трките во класата Супермото, но планот за 2015 година се настап на Европскиот шампионат во супермото како и трка од Светскиот шампионат. Паралелно со ова тој ќе се врати и на трките во брзински мотоциклизам, каде ќе се натпреварува во класата SBKS1000.
На Ивчески му посакуваме многу среќа за следната сезона, се надеваме дека неговите планови ќе се остварат и дека ќе имаме нов Европски шампион од Македонија.