Христијан Илиоски и Драган Ванов викендов ќе настапат на првата трка од Источно Европскиот шампионат во ендуро која се вози на патеката Касториа во Грција.

phoca thumb l mx janica eec 32

Христијан Илиоски и Драган Ванов викендов ќе настапат на првата трка од Источно Европскиот шампионат во ендуро која се вози на патеката Касториа во Грција.

Нашите натпреварувачи ќе настапат со отстапени мотори од грчките тимови заради пропозициите кои бараат моторите да бидат осигурани и регистрирани, па така Илиоски ќе настапи со Yamaha YZF250, а Ванов со Honda CRF250.

11128054 10200664904621639 1230587820 n

Патеката во Касторија важи за тежок испит за што впрочем говори и фактот дека во 2013 на истата патека се одржа трка од Светскиот ендуро шампионат. Се очекува учество на повеќе од 200 натпреварувачи од Грција каде ендуро дисциплината е многу популарна како и натпреварувачи од останатите Балкански земји.

Според планот во двата натпреварувачки дена ќе се возат 3-4 кругови од по 40км, кои ќе вклучуваат два крос тестови и еден екстремен тест. Имајќи ја во предвид конфигурацијата на патеката се очекува тешка и напорна трка но се надеваме на добри резултати од нашите претставници.

Со оваа трка нашите возачи ќе имаат вистинска подготовка за планираното прво учество на „ISDE SIX DAYS“, шестдневна ендуро трка на репрезентации која оваа година ќе се одржи во Кошице, Словачка. За учеството на трката потребно е и залагање од страна на МФМ која се надеваме дека ќе смогне сили да го обезбеди учеството на трката во која се натпреваруваат возачи од целиот свет.

Back To Top