Викендов на патеката Аданката во Романија се возат петтата и шестата рунда од Балканскиот шампионат во брзински мотоциклизам.

Викендов на патеката Аданката во Романија се возат петтата и шестата рунда од Балканскиот шампионат во брзински мотоциклизам.

МФМа на оваа трка ќе има само еден претставник, Слободан Ивчески - Цобо (МК Сакамото) кој утринава тргна за Романија. Ивчески со просечен успех ја започна сезоната, но од трка во трка неговото темпо се подобруваше па воопшто не беше чудно што на трката во Плевен дојде до првиот пехар во сезоната за освоеното трето место.

Цобо го очекува тежок викенд, по патот од 700 километри во еден правец тој ќе треба да вози на тренинзните, па потоа квалификации и трка во сабота, а во недела повторно го очекуваат квалификации и трка. Сепак се надеваме дека тој повторно ќе покаже што знае на патеката и дека сатисфакција за патот кон дома ќе му биде нов пехар од викендот во Романија.

По двете трки во Романија возачите ги очекува трката во Серес на 9/10-ти јули пред последните две трки кои треба да се возат во октомври и ноември.

Back To Top