Четирите македонски мотоциклисти кои ја претставуваа Мотоциклистичка федерација на Македонија (МФМ) не успеаа да изборат пласман во бодови на првиот натпревар од отворениот Источно-Европски шампионат на кружни патеки кој се одржа на 14 април.

30550 10200714126677577 407518908 n

Четирите македонски мотоциклисти кои ја претставуваа Мотоциклистичка федерација на Македонија (МФМ) не успеаа да изборат пласман во бодови на првиот натпревар од отворениот Источно-Европски шампионат на кружни патеки кој се одржа на 14 април.

Вкупно 112 учесници поделени во 6 класи настапија на стартот од сезоната на патеката во Серес, Грција.

Најблиску до тоа беше Игор Спиров (МК Гого, Сузуки) кој настапи во класата супербајк до 600 ссм. Спиров низ целта мина како 18-ти во конкуренција до 28 натпреварувачи. Вториот наш натпреварувач Благоја Мартиновски (МК Сакамото, Кавасаки) стигна до 21-то место. Прва победа извојува Фуркан Ерјилмаз од Турција.

Ефтим Велјановски (МК Гого, Јамаха) настапи во класата супершток до 1000 ссм и на крајот беше 23-ти во конкуренција од 30 натпреварувачи. Очекуван победник беше Мартин Чои од Бугарија.

Слободан Ивчески (МК Сакамото, Сузуки) немаше среќа во класата супербајк до 1000 ссм. Тој избори 11-то место после квалификациите помеѓу 28 учесници, но поради пад во првиот круг не беше во можност да ја продолжи трката.

Следната можност за подобар пласман македонските претставници ќе ја имаат на 28 април на патеката Батајница крај Белград, Србија.

Извор: „МФМ“

Back To Top