MK мотоциклисти на меѓународни трки

Илиоски и Костов се враќаат со пехари од Босна

Нашиот најдобар кросист, Христијан Илиоски - Кико, од трката од Источно-Европскиот шампионат во мотокрос која викендов се возеше во Крешево, Босна и Херцеговина, се враќа со пехар за освоено трето место.

Следете нè на:

 

turcija-mx-110Три рунди и три пехари за Кико во Источно-Европскиот шампионат во мотокрос

Нашиот најдобар кросист, Христијан Илиоски - Кико, од трката од Источно-Европскиот шампионат во мотокрос која викендов се возеше во Крешево, Босна и Херцеговина, се враќа со пехар за освоено трето место.

Лошите услови на патеката Крешево го направија своето, па така заради обилните дождови во петокот воопшто немаше услови за тренинг. Длабоката вода во некои свиоци не се повлече ни во саботата, па така беа одложени и квалификациите и од сите класи на патеката можеше да се забележат само по неколку возачи кои сакаа да да се провозат.

Во класата МХ1 во која настапува нашиот Илиоски најдобро време на неделните квалификации имаше Бугаринот Калојан Илиев, додека пак возачите кои се борат за челните позиции во шампионатот скоро и да не возеа. На првата трка Илиоски го даде максимумот во тешките услови и успеа да дојде до второто место, веднаш зад водечкиот Адријан Радута од Романија.

За Кико посебно е тешко возењето во вакви услови бидејќи немаше вистински подготовки, во зимскиот период кога треба да се вежба во кал тој го штедеше моторот знаејќи дека нема да има средства за поправка доколку се случи нешто. Во моментот Илиоски е помогнат само од компанијата „Скајмото“ која се грижи за гумите, а од почетокот на сезоната до сега за Кико пристигна и еднократна помош од претседателот на МФМ, г-н Ленин Јовановски како и еднократна помош од општината Битола. Таа помош ни од далеку не е доволна за темпото на трки на Источно-Европскиот шампионат во чиј календар годинава се најдоа 11 рунди (се возат по две трки во секоја рунда).

Сето тоа влијае на ваквите трки, па и покрај неспорниот талент и желбата за победа, недоволните подготовки си го сторија своето во Босна. Се надеваме дека општината Битола и Агенцијата за млади и спорт ќе имаат слух за вториот дел од шампионатот и ќе смогнат сили да го помогнат Илиоски, но и дека ќе се најде спонзор во Македонија кој ќе го препознае талентот и потенцијалот на Кико.

10366028 803342259677532 2381987936949924987 nУсловите во Босна беа далеку од идеални, а Илиоски и покрај падот во втората трка на крајот се врати со пехар во Македонија

Втората трка во Крешево започна со пад на Илиоски кој за среќа помина неповреден и веднаш се качи на моторот, за до крајот на трката да дојде до четвртата позиција. Благодарение на успехот на првата трка, како и со бодовите освоени на втората, Илиоски дојде до третата позиција во Босна и повторно се враќа во Македонија со освоен пехар.

Резултатот во Босна за Илиоски значеше и напредување во генералниот пласман на Источно-Европскиот шампионат во мотокрос, каде сега нашиот Кико е на втората позиција.

turcija-28Фантастичен успех за Костов во Босна, второ место и пехар во класата МХ Ветерани

Фантастичен успех на трката во Босна имаше нашиот втор натпреварувач Борче Костов - Жолт, кој во класата МХ Ветерани забележа две втори места и со пехар за втората позиција се враќа во Македонија. За Костов ова е одличен успех имајќи во предвид дека во генералниот пласман се искачи на втората позиција, со само два бода заостанување зад водечкиот.

Следната трка се вози идниот викенд (22.06.2014) на патеката Сливен во Бугарија, а веднаш потоа се вози и трката во Србија на патеката Глобаре (29.06.2014) пред паузата од два месеци по што ќе продолжи шампионатот.

Би можело да ве интересира

Ова е новата кацига на Nolan која ги задржува врвните карактеристики која ги имаше и нејзиниот претходник N44.

Шпанецот имаше за речиси половина секунда побрзо време од резултатот кој го постигна во понеделникот.

Суперкрос легендата и голем фан на MotoGP, Чед Рид, вели дека е лудо што никој во Гран При досега не експериментирал со „holeshot“.

Четири различни возачи ги освоија првите четири позиции на Филип Ајленд.

X-Lite X-803 Ултра Карбон е најспортската кацига на овој бренд.

Крузер линијата на Honda доби уште еден специјален модел за сезоната која престои. Станува збор за 2019 Honda Fury кој ќе се издвои од останатите модели по својот храбар дизајн и ретро изглед.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.