Шестчлената македонска мотокрос репрезентација постигна одличен резултат на натпреварот од отворениот Источно-Европски шампионат во мотокрос кој се одржа на 7 јули на патеката Глобаре крај Крушевац, Србија.

mfm-motokros

Шестчлената македонска мотокрос репрезентација постигна одличен резултат на натпреварот од отворениот Источно-Европски шампионат во мотокрос кој се одржа на 7 јули на патеката Глобаре крај Крушевац, Србија.

Претставниците на Мотоциклистичката федерација на Македонија (МФМ) на крајот се закитија со пехарот за трето место во екипна конкуренција, веднаш зад победникот Бугарија и домаќинот Србија.

Кај најмладите во класата МХ65, 9-годишниот Лука Ристевски го освои 10 место со 23 бодови со кои се проби на 12 место во конелниот пласман за Европскиот шампионат во конкуренција од 33 натпревувачи. После 5 од предвидени 8 натпревари тој е на 11 место во отворениот Источно-Европски шампионат.

Во класата МХ85 имавме двајца наши учесници. Андријан Ристевски и Христиан Станковиќ повторно имаа меѓусебни дуели и на крајот завршија на 9, односно 10 место. Во конечниот пласман за Европскиот шампионат во конкуренција од 32 натпревувачи, Станковиќ е 12., а Ристевски е 13.

Во класата МХ2 јуниор свое деби на меѓународна сцена имаше Денко Манчевски кој на крајот заврши како 10.

Нашиот моментално најдобар мотокрос натпреварувач Гоце Томовски го освои 9 место во најсилната класа МХ1. Тој е моментално најдобропласиран македонски натпреварувач во генералниот пласман за отворениот Источно-Европски шампионат и се наоѓа на 7 место.

Ветеранот Борче Костов настапи во класата МХ над 40 години и на крајот беше 7. со 27 бодови.

Извор: „МФМ“

Back To Top