Sveceno otvoranjeТројца претставници на Мотоциклистичката федерација на Македонија (МФМ) на 5 и 6 мај на патеката Брегина крај Зарнешти (Романија) ги бранеа боите на Македонија на вториот натпревар од Европскиот и отворениот Источно-Европскиот шампионат за мотокрос за 2012 година.

Sveceno otvoranje

Тројца претставници на Мотоциклистичката федерација на Македонија (МФМ) на 5 и 6 мај на патеката Брегина крај Зарнешти (Романија) ги бранеа боите на Македонија на вториот натпревар од Европскиот и отворениот Источно-Европскиот шампионат за мотокрос за 2012 година. Иако сите погледи беа насочени кон освојувачите на подиум на првата трка „Гран При Македонија 2012“ кога Христиан Илиоски беше втор во МХ2 класата, а Гоце Томовски трет во МХ1, во прв план изби Благојче Спировски.

За жал очекувањата за добар пласман на Илиоски изчезнаа уште после тренингот, кога неговиот тим не беше во можност да го отстрани техничкиот дефект на мотоциклот. Единствено што му преостана на шампионот од 2009 година во оваа конкуренција беше бодрењето на своите репрезентативни колеги за време на две трки.

Spirovski 1

Поради преголемата прашина на патеката во текот на тренинзите, интернационалното жири по реакциите на голем дел на натпреварувачи одлучи комплетно да ги откаже саботните квалификации во класите МХ1 и МХ2 и истите да ги презакаже во недела наутро. И покрај реакциите, организаторот успеа половично да си ја изврши работата и да го намокри само едниот дел на патеката.

Spirovski 3

Во класата МХ2 учествуваа вкупно 20 натпреварувачи. Во првата трка Спировски кој стартуваше како последен успеа да се пробие во средина на колоната и со двајца конкуренти во првата половина од трката се бореше за осмото место. Сепак, во момент на невнимание неговиот мотоцикл изгасна, а Спировски изгуби 4 позиции. До крајот на трката нашиот натпреварувач го засили темпото и стигна до деветтото место. Во втората трка тој имаше одличен старт и веднаш се проби на шестото место, а после вториот круг и на петтото место. Се до последниот круг тој успешно одолеваше на нападите на домашниот натпреварувач Виргил Корбеа, но на два скокови до крајот Корбеа успеа да избие пред Спировски, а во самата цел за половина тркало беше побрз и грчкиот натпреварувач со романска лиценца, Георгиос Арванитис. И покрај тоа што изгуби две позиции, охрабрува одличното возење на Спировски кому ова му беше интернационално деби надвор од Македонија во конкуренција на отворениот Источно-Европскиот шампионат. Со новите 26 бодови, тој стигна до вкупно 48 бодови и изби на 6. место во пласманот од МХ2 класата. Илиоски падна на деветтото место со 38 освоени бодови од Гевгелија минатата недела. Очекувано, во двете возења на „својата патека“ победи Георг Кабал (Романија) и со вкупно 83 бодови е водечки во оваа класа после два одржани натпревари.

Tomovski 2

Во најсилната класа МХ1 настапуваа и натпреварувачи кој се бодуваа и за Европскиот шампионат во отворената класа. Во ваква силна конкуренција, нашиот Гоце Томовски успеа да биде 12. на квалификациите. Во првата трка тој заврши на 10. место, а во втората беше 9. Победник во двете трки беше Евгени Телецки од Белорусија. Томовски останува на третото место во генералниот пласман со 63 бодови, додека сеуште водечки е Николај Јовчев од Бугарија со 90 бодови.

Следниот натпревар од отворениот Источно-Европскиот шампионат ќе се одржи во Хасково, Бугарија на 27 мај.

Извор: „МФМ“

Back To Top