Викендов на мотокрос патеката во Кожани, Грција, се возеше трка од отворениот грчки шампионат на кој учествуваа тројца наши претставници.
Викендов на мотокрос патеката во Кожани, Грција, се возеше трка од отворениот грчки шампионат на кој учествуваа тројца наши претставници.
Христијан Илиоски - Кико го освои второто место на трката од отворениот грчки шампионат во мотокрос која викендов се возеше во Кожани.
Одличната патека беше подготвена за 30-на мотоциклисти кои си ги одмерија силите во класите MX1, МХ2 и МХ3. Во класата МХ2 нашиот претставник Христијан Станкович го освои 14-то место од 21 возач, додека пак во класата МХ1, Гоце Томовски финишираше на 8-та позиција од 14 возачи, а Христијан Илиоски беше втор.
Бројната публика можеше да ужива во мајсториите на возачите на уште една од многуте трки во грчкиот шампионат во која конкуренцијата е навистина голема. За Кико ова беше одлична подготовка за следната трка од Источно-Европскиот шампионат која се вози во недела во градот Бузо, Романија.
Да потсетиме Кико на првата трка од Источно-Европскиот шампионат во Грција заврши на третата позиција, а на втората во Турција се избори за втората позиција и во генералниот пласман се наоѓа на третата позиција со заостанување од 5 бода зад второпласираниот Тотев од Бугарија, и 10 бода зад романецот Радута.