Викендов на патеката Глобаре во Србија ќе се вози четвртата рунда од Источно Европскиот шампионат во Мотокрос на која ќе настапат четворица наши натпреварувачи.

motocross globare

Викендов на патеката Глобаре во Србија ќе се вози четвртата рунда од Источно Европскиот шампионат во Мотокрос на која ќе настапат четворица наши натпреварувачи.

Во најсилната класа МХ1 боите на Македонија ќе ги бранат Христијан Илиоски (МК Пелистер) и Гоце Томовски (МК Гого), додека пак во класата МХ Ветерани ќе го проследиме настапот на Борче Костов и Јован Стојков (МК Ноќни Волци).

Во генералниот пласман по три рунди (шест трки) во класата МХ1 Христијан Илиоски се наоѓа на четвртата позиција со 90 бодови, 48 помалку од водечкиот Тодор Тотев од Бугарија. Бодовите на Илиоски се од две рунди (четири трки), бидејќи не настапи на трките во Турција.

Во класата МХ Ветерани, Борче Костов исто така се наоѓа на четвртата позиција со 85 бодови, 18 помалку од третопласираниот Петров од Бугарија. Костов се бодува и во класата МХ каде ја завзема 6-та позиција со 50 освоени бодови.

Според распоредот, по трката на Глобаре преостануваат уште три рунди, од кои едната треба да се вози во Македонија на датум кој дополнително треба да се утврди.

МОТОКРОС
# Датум Патека Земја
Рунда 1 05 април 2015 Јаница Грција
Рунда 2 12 април 2015 Гевгелија Македонија (ОДЛОЖЕНА)
Рунда 3 26 април 2015 Бурса Турција
Рунда 4 07 јуни 2015 Крешево Босна и Херцеговина
Рунда 5 28 јуни 2015 Глобаре Србија
Рунда 6 30 август 2015 Самоков Бугарија
Рунда 7 04 октомври 2015 Тројан Бугарија
Back To Top