Претстојниов викенд на патеката „Моторпарк Романиа“ во Романија нашите возачи ќе настапат на втората рунда од БМУ Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам.

Претстојниов викенд на патеката „Моторпарк Романиа“ во Романија нашите возачи ќе настапат на втората рунда од БМУ Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам.

По успешната прва рунда во која нашите претставници се закитија со повеќе пехари, на ред е втората рунда од престижното натпреварување. Како и во Грција, на програмата повторно е двојна трка, една во сабота и другата во недела. 

imgp0428

Во класата SP125 ќе настапи Христијан Бузалковски (МК Ендуро Тим - Водно). Бузалковски имаше одличен старт на сезоната откако во Серес освои едно второ и едно трето место. Мотоциклот на Бузалковски е подобрен во однос на минатата година што беше очигледно на првата трка но сеуште не е доволно брз за да ја следи водечката Жулиета Ленкова (Бугарија). На првата трка тој извозе одлично, а на втората трка иако имаше проблем со менувачот во моментот додека беше на втората позиција, на крајот успеа да финишира како третопласиран. Бузалковски покажа дека е од вистински тркачки ков и доколку продолжи со ваквите настапи му претстои светла иднина.

Во класата F1000 Македонија има дури тројца претставници, Слободан Ивчески - Цобо (МК Сакамото), Игор Спиров - Зизи (МК Ендуро Тим - Водно) и возачот од Србија кој настапува со наша лиценца, Драженко Тинтор (МК Мотори).

imgp0180

Слободан Ивчески - Цобо имаше фантастичен старт на сезоната откако освои две втори места на првите две трки. Тој прикажа борбеност на трката каква не сме виделе одамна, на двете трки се бореше рамноправно и рамо до рамо со водечкиот Калојан Ангелов од Бугарија. Тој на моменти излегуваше и како водечки на трката но на крајот мораше да се задоволи со втората позиција. По две освоени втори места тој се наоѓа на втората позиција во генералниот пласман.

imgp9861

Игор Спиров - Зизи на најдобар можен начин ја продолжи кариерата во класата F1000. Тој до минатата година се натпреваруваше во класата F600, а откако се поднови со мотоциклот Aprilia RSV4 оваа сезона ја започна во големата класа. На првата трка тој го забележа четвртото место, а на втората до неколку кругови пред крајот од трката беше убедливо на третот место се до малата грешка која на крајот му го донесе петтото место. Во конкуренција од 19 возачи во генералниот пласман по првите две трки тој се наоѓа во топ 5 возачи што претставува огромен успех за него.

За галеријата од првата рунда кликнете овде.

imgp0156

Драженко Тинтор донесе голем број на бодови освојувајќи две трети места во првата рунда. Возеше одлично и благодарение на својот успех сега се наоѓа на третата позиција во генералниот пласман. Викендов тој ќе ги продолжи настапите за мото клубот Мотори и ќе се обиде да го повтори или подобри успехот од првата рунда.

Трките се одржуваат по истиот распоред како и во Серес, тренинзите се во петок, а квалификациите и по една трка во сабота и недела. Следете не за известувања и фотографии во живо од Романија.

Back To Top